Home » Во фокусот » Во петок во Сараево ќе се оддржи шестата по ред “Branding” конференција

Во петок во Сараево ќе се оддржи шестата по ред “Branding” конференција

branding conference - mind your brand

Овој петок (03.06.2016), Сараево станува регионален центар за дискусии на теми брендинг и комуникации.

“Mind your Brand“  е слоганот на шестата по ред Branding конференција во организација на Via Media, која ќе нагости исклучително престижни гости од светот на брендингот и комуникациите.

Две исклучително интересни панел дискусии се во фокусот, првата “Win me over in a minute“, која ќе биде модерирана од Владимир Димовски (COO на Меккен Адриатик) на која ќе учествуваат: Шпела Облак (LUNA TBWA CEE Adriatic),  Сања Милиновиќ (Хрватски Телеком) и Минка Газибара – Бајрамовиќ (Студио Маркетинг) и втората “Knocking on 2050`s door” модерирана од Далија Хасанбеговиќ Конаковиќ (Ал Џезеира Балкан) на која ќе учествуваат и : Милан Черкиќ (Atlantbh), Харис Мемиќ (DevLogic) и Амина Кариќ (Authority Partners).

На настанот исто така се предвидени предавања од еминентни имиња како: Томас Траутман, светски познат експерт за невромаркетинг, Сања Партало од Колумбија бизнис школата, Дејан Вранич од Имаго, Елма Пашич (ГФК), Игор Штефанец (ИКЕА) и др.

Повеќе информации можете да погледнете на: http://branding.ba/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365