Home » Во фокусот » Во ПР-от се парите

Во ПР-от се парите

Водечките светски агенции за односи со јавност немаат проблеми со cash flow. Напротив. Некои од нив бележат дури и двоцифрен процентуален раст на приходите од надоместоците што ги добиваат од своите клиенти.

Глобалната ПР индустрија, која „тежи“ близу 11 милијарди долари и вработува над 75.000 професионалци, расте трета година по ред и тоа за околу 8%. Тоа секако е oдличен тренд, особено ако се знае дека клучните играчи во светската економија (САД, ЕУ, Јапонија…) мака мачат да излезат од рецесија и да ги достигнат некогашните стапки на раст, а не пак да сонуваат за поголеми.

PR, rangiranje, marketing, PR

Иако, меѓу ТОП 10-те ПР агенции на светот има само две надвор од САД, сепак значајно е дека во изминатите три години континуирано растат и агенциите од земјите во развој (Бразил, Индија, Нов Зеланд…), како и т.н. независни фирми кои оперираат надвор од глобалните бизнис „синџири“ на големите ПР агенции како што се Edelman, Weber Shandwick, Hill & Knowlton…, а кои сепак успеваат да генерираат близу половина од приходите на глобалната ПР индустрија.

Ваквите показатели упатуваат на следниве заклучоци:

  • Односите со јавноста се докажано најефикасната дисциплина за враќање на довербата, имиџот и репутацијата на бизнисот, разнишани во екот на рецесија и  економска криза. Едноставно, паметните компании очигледно ја научиле лекцијата дека во криза можеби можат да си дозволат да заштедат на некои работи (на пример на реклама), но никако на ПР;
  • Локалните независни ПР агенции кои оперираат надвор од глобалните мрежи се повеќе се наметнуваат кај клиентите со нивното познавање на локалните специфики, опкружувањето, а со тоа и контекстот во кој компаниите ги градат своите односи со целните групи од јавноста од кои зависи нивниот успех;
  • Заврши процесот на консолидација  („окрупнување“) на ПР индустријата (ако тој воопшто некогаш и бил актуелен, како што тоа беше случајот со advertising секторот).

Целосното рангирање на најдобрите 250 светски ПР агенции може да го видите на овој линк: http://worldreport.holmesreport.com/top-250

Совет: Не се обидувајте на списокот да најдете агенција од Македонија. Не дека можеби нема таква што има годишен приход над милион долари, туку едноставно можеби не успала да ги достави податоците на време :)

Автор Гоце Пачемски

Пачемски професионално е во односите со јавноста повеќе од една деценија. Магистер по комуникации со специјалност стратешкото планирање и управување со комуникациите…. и секако односи со медиуми. Од 2004-та е дел од тимот на ImagePR, прва специјализирана агенција за односи со јавност и комуникациски менаџмент во Македонија. Има искуство и како новинар, портпарол, колумнист…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365