Home » Во фокусот » Во Сараево започна 12-тата по ред PRO.PR конференција

Во Сараево започна 12-тата по ред PRO.PR конференција

Вчера во Сараево започнаа 12-тата по ред PRO.PR конференција, најпознатата регионална конференција за комуникациски и бренд менаџмент која ќе трае до утре 29 Март.

Односите со јавност, дефинитивно излегуваат од криза. После четири години турбуленција, струката велгува во нов раст, развој и просперитет“ – изјави Даниел Колетиќ , претседателот на организацискиот комитет на PR.PR конференцијата и надополни: “Радосни сме што и покрај разно-разните нестабилности во последно време во Сараево, успеавме да собереме преку 100 ПР професионалци од регионот што зборува за науморната желба на фелата за споделување на новите правила на играта во менаџираните комуникации

За секој ден од конференцијата е замислено да има по една панел дискусија. Во текот на вчерашниот ден се зборуваше за комуникацијата во јавната администрација а за денеска е предвидена расправа за секогаш интересната тема на лобирање која ќе ја водат познати британски лобисти. За Сабота панел дискусијата ќе биде на тема 30 години од Зимските олимписки игри во Сараево.

Учесниците исто така ќе присуствуваат и на церемонијата на свечено доделување на признанијата “PRO.PR Awards“ кои ќе се оддржат утре како завршен дел на настанот.

про.пр

Даниел Колетиќ

PRO.pr

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365