Home » Extra 5 » Во Скопје се отвори првата Schuster продавница

Во Скопје се отвори првата Schuster продавница

Познатиот традиционален 133-годишен македонски бренд Schuster, вчеравечер, го отвори својот прв продажен салон на рачно изработени чевли во Скопје. На свеченото отворање на продажниот салон на овој шестгенерациски традиционален бренд за чевли присуствуваа многу гости.

„Приказната за Schuster започнува со самите почетоци на чевларството во Македонија. Предводени од традицијата на изработка на чевли во која учестуваа пет генерации, во Schuster со посебно внимание приоѓаме кон изработка на секој пар чевли. Затоа, со право може да кажеме дека се препознатливи и ценети како рачно изработени чевли“, вели сопственикот на Schuster store shoes, Бојан Чунгурски.

Чевлите на Schuster, досега, се продавани низ ланецот на коминтенти и преку првата интернационална онлајн продавница за чевли од Македонија (Schuster-store.com).

„Почувствувавме потреба уште повеќе да се доближиме до нашите клиенти кои остануваат верни на нас и на секоја нова колекција. Поради тоа одлучивме да станеме уште подостапни за нив со еден нов продажен салон во Скопје. Токму тука ќе бидат изложени новите модели, новите кожи и дизајни“, додава Чунгурски.

По повод отворањето на новиот дуќан, Schuster организира и петдневно наградно патување во Истанбул за две лица и 5 ваучери од 2000 денари на секој купувач со фискална сметка до извлекувањето на 22.05.2018 година. Со секоја фискална сметка се добива купон кој купувачот го пополнува со свои податоци.

Историјата потврдува дека Ѓорѓи Георгиевски ја почнал својата успешна македонска приказна во далечната 1885 година, со скромните почетоци на чевларскиот занает во Македонија. Тој бил инспирација за своите синови да ја продолжат семејната традиција на градење бренд кој ќе стане синоним за обувки во земјава. Неговиот син , како претставник на втората генерација, околу 1896 година ја отвора својата продавница за обувки во Куманово. Дваесетина години подоцна, во производството на обувки се почнува со употреба на првите машини за да се оптимизира процесот на изработка.

 

Третата генерација ја претставува Славко Георгиевски, кој во 1947 година станува главен мајстор и ја продолжува семејната традиција. Бранко, син на Славко, како претставник на четвртата генерација го модернизира процесот на производство и создава врвни модели на чевли во тогашната Југославија. Тие се основачи на кумановскиот познат бренд за чевли „ЧИК“ Куманово во 1965 година. Бранко работел како моделар на чевли, а потоа станува и главен технички директор на компанијата. Во 1978 година е награден со “Златна чевла” за извонредна елеганција и квалитет на саемот за чевли во Загреб. Во 1990 година, пред осамостојување, Бранко ја отвора својата мала работилница, која денес е позната како Schuster (Шустер). Него го наследува синот Зоран, како претставник на петтата генерација од семејството Георгиевски. Денес, Бојан Чунгурски е претставник на шестата генерација производители на чевли од најквалитетна кожа. Во моментов, Schuster работи со најсовремена опрема и има вработени кои произведуваат чевли од најквалитетен материјал, особено од кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365