Home » Во фокусот » Во Србија се доделија овогодинешните UEPS награди

Во Србија се доделија овогодинешните UEPS награди

Здружението за деловни комуникации (UEPS – Udruženje za tržišne komunikacije) на Србија, изминативе денови традиционално го организираше настанот “Денови на UEPS” кој се оддржа од 17 до 23 декември и на кој на завршната гала вечер беа доделени овогодинешните UEPS признанија за авторите на најдобрите креативни остварување од областа на маркетингот кај нашите северни соседи.

Кампањата “Sigurne kuće“ на агенцијата Saatchi&Saatchi е овогодишен добитник на Гранд При наградата.

Најмногу признанија освоија агенциите McCann Beograd и MRM Worldwide од групацијата I&R McCann Grupa, New Moment, Communis и Saatchi&Saatchi.

McCann Beograd доби 16 награди меѓу кои 7 златни во категориите за најдобар ТВ Спот, друштвено одговорна кампања, креирање нов бренд, најдобар настан и три за најдобро интегрирани промотивни кампањи.

Најдобриот ТВ Спот во Србија, кој McCann Белград го работеше за Телеком Србија, изгледаше вака:

Во категоријата за најдобри интегрирани кампањи трите злата на МекКен беа за кампањите на  Raiffeisen банка (Keš krediti),  Telekom Srbija (Meganet) и за MK Mountain Resort (“Pluća grada”) која ја работеа во соработката со МекКен Скопје.

Оливера Перковиќ, директорката на агенцијата МекКен Белград по повод освоените награди на овој настан изјави : “Агенцијата McCann Белград во континуитет е наградувана на манифестациите на UEPS, но на наше големо задоволство она што се разликува во оваа година е разновидноста на категориите во кои сме наградени. Сите овие награди претставуваат потврда на нашата орентација спрема интегрираниот креативен производ од една и иноваците од друга страна. Покрај секојдневните активности кои вклучуваат континуирана работа на брендовите и соработката со клиентите, се посветивме на низа иницијативи и проекти вон стандардните обврски – соработувајќи со низа културни институции и организирајќи низа промотивни, едукациски и хуманитарни настани.“

Во категоријата за креирање на нов бренд, со злато беше наградена кампањата “McCann Parabrodiranje“ која настана како резултат на соработката помеѓу културната институција “Параброд“ и МекКен Белград а која има за цел афирмирање на адвертајзингот како неизоставен дел на поп-културата во светот.

 

McCann Parobrodiranje

McCann Parobrodiranje

Дигиалната креативна агенција „MRM Worldwide“, исто така членка на „I&F McCann Grupe“, покрај трите награди за заедничката кампања “Какво е чуството да се биде слеп”, освои и сребрено признание за дигиталната кампања„Tuborg Depeche Mode“.

Агенцијата New Moment Young & Rubicam Белград освои 9 златни, 11 сребрени и 7 бронзени награди.

 Златните признанија беа за кампањите Piran, во категоријата Промоција на српската огласувачка индустрија во странство , Arhipelag во категоријата Принт, Cafe Factory во категоријата OOH огласување, Balerina во категоријата медија, New Moment magazin во категоријата Дигитални елементи, Tuborg open во категоријата Промоција на местото на продажба и 4 Mačora со три злата – во категориите Визуелни идентитет, Дигитални елементи  и интегрирани кампањи.
Лазар Сакан, Маријана Петровиќ, Светлана Цопиќ, Јасмина Николиќ од New Moment Beograd

Лазар Сакан, Маријана Петровиќ, Светлана Цопиќ и Јасмина Николиќ од New Moment Белград

UEPS-овата награда за животно дело му беше доделена на Дејан Бојковиќ Бојкета, креативниот директор на Публицис Групата на предлог на “Клубот на лауреати“ кој го сочинуваат добитниците на ова признание од претходните години.

Zivotno Delo za Bojketa

Традиционалното признание “Драган Сакан – New Idea“ за иновативно размислување во деловните комуникации го доби Вељко Голубовиќ, креативниот директор на агенцијата Saatchi&Saatchi.

Veljko Golubović, kreativni direktor agencije Saatchi & Saatchi

UEPS е основано во далечната 1960 година , првично носејќи го името Udruženje ekonomskih propаgаndistа Srbije со главна мисија да ја афирмира својата професија. Во досегашното постоење има организирано преку 1000 стручни собири, презентации, семинари и други настани кои ја промовираат и унапредуваат огласувачката индустрија во Србија.

Традиционално секоја година на крајот на Декември се организира свеченото доделување на награди за сите поединци и организации кои оставиле свој печат со квалитетното практицирање на професијата за тековната година.

Новото име “Здружение за деловни комуникации на Србија“ е усвоено во 2011 година во склад со современите текови во браншата.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365