Движењето Movember ги охрабрува мажите во текот на месец ноември да пуштат мустаќи со цел да ја подигнат свеста за здравјето на мажите- особено за ракот на тестисите и простатата.
L’Oréal ја поддржува оваа акција преку Men Expert линијата на производи. Бидејќи ова прашање не ги погодува само мажите, туку и жените и децата, зошто поддршката би била резервирана само за мажите? McCann Копенхаген креираше кампања за L’Oréal Men Expert наречаена #everyonemovember, која на сите им дава можност да го поддржат здравјето на мажите во текот на месец ноември – дури и ако не можат да пуштат брада. Преминете на акција и покажете ги мустаќите!
Кампањата #everyonemovember е едноставна кампања на социјалните мрежи. Се` што треба да направите за да ја подржите акцијата е да направите селфи, да ставите таг #everyonemovember на своето лице како мустаќи и споделете ја фотографијата со светот.
Movember е осмислен во Мелбурн во 2003 година, а фондот од тогаш има собрано милијарди, наменети за истражување и поддршка на мажите кои се борат со болестите, како што е ракот на тестисите и простатата.
Tobias Šmit-Fibiger, извршен директор на агенцијата McCann Копенхаген, нагласува дека целта на оваа кампања за L’Oréal Men Expert е да ги поттикне луѓето да се грижат за здравјето на мажите и да ги охрабри сите да го поддржат движењето Movember. “Мислам дека ова е убав и суптилен начин да се направи кампања која поддржува добра цел и да го претстави L’Oreal во контекст кој не е комерцијален.”
Кампањата #everyonemovember трае во текот на ноември на Инстаграм и Фејсбук, со поддршка од повеќе инфлуенсери.
Информации за тоа како да донирате и да се поврзете со фондацијата, можете да пронајдете на Инстаграм профилот @everionemovember. Направете селфи и придружете се!
L’oréal Men Expert – #everyonemovember from McCann Copenhagen on Vimeo.