Home » Во фокусот » “Во време кога многу работи се фејк“…..кампања на Еден на Еден за СпортМ

“Во време кога многу работи се фејк“…..кампања на Еден на Еден за СпортМ

Со цел да се промовираат #оригиналите и #оригиналноста на Адидас, агенцијата Еден на Еден за клиентот СпортМ креираше видео во кое “се справува“ со сите лажни нешта

Креативниот директор на Еден на Еден, Жарко Димитриевски за идејата позади видеото вели: “Идејата за fake и originals дојде доста очигледно… Промовираме линија на originals во време кога се е фејк! Ова беше една од оние идеи кои доаѓаат од кафански муабети, дружби, моменти кај што си викаш – сите ја имаат истата мака, ајде да ги допреме некако. Во случајов ‘маката’ беше тоа што генерално сите се жалат на фејкери. Нема искреност, нема чесност, нема луѓе со образ. Нема оригинали.“ 

Зад секоја успешна кампања, покрај агенцијата стои и успешен клиент кој не се плаши од предизвикот да биде креативен.

“Ја искористивме шансата и приказната се напиша сама, а во тоа секако имавме голема помош од Спорт М кои иако се лидери во сегментот на спортска облека, не се комфорни или од оние клиенти кои играат по стара песна и се плашат да експериментираат“ – надополнува Димитриевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365