Home » Во фокусот » Водечки светски футуролози на конференцијата Future Tense во Загреб

Водечки светски футуролози на конференцијата Future Tense во Загреб

Четири меѓународно признати футуролози ќе ја претстават својата визија за иднината на 2 октомври во Загреб, со фокус на иднината на работењето, паметните градови на иднината, новите начини на плаќање и иднината на храната, а во согласност со темата на конференцијата, одреден број на котизации ќе можат да се прибават и со криптовалути.

Конференцијата која не води во иднината, Future Tense, ќе се одржи на 2 октомври во Загреб, а водечки светски футуролози ќе ни откријат како ќе живееме и ќе работиме во иднина. Моргејн Геј, Герд Леонхард, Арик Дроми и Дејвид Бирч се футуролозите кои своето видување на иднината ќе го претстават во Загреб, а по нивните инспиративни предавања ќе се одржи панел CEO future на кој ќе се расправа за можностите за примена на футуролошките предвидувања во бизнис моделите.

Future Tense ќе се одржи во организација на агенцијата Комуникациска лабораторија, а по повод најавата на конференцијата, сопственичката и директорката, Мануела Шола изјави:  „Future Tense е авторски проект на Комуникациска лабораторија со кој сакаме на јавноста да и` ги претставиме водечките светски футуролошки предвидувања, но и да укажеме на важноста на примената на футуролошките предвидувања во работата. Нашата желба е да направиме исчекор од вообичаените теми и да поттикнеме активно размислување за иднината на работењето како кај претседателите на управата на големите компании, така и кај малите компании, но и јавната управа. На конференцијата ќе бидат претставени теми кои ќе бидат релевантни за сите наведени“.

Future Tense конференцијата ќе ги претстави генералните футуролошки предвидувања, но ќе бидат застапени и специфични теми како паметни градови, предвидувања врзани за прехранебната индустрија, но и развојот на нови начини на плаќање. Токму затоа ордеден број котизации за конференцијата ќе може да се платат со криптовалутите Bitcoin, Ripple и Ether.

Посебен, футуролошки предзнак на конференцијата Future Tense дава и нејзиниот визуелен идентитет специфичен по тоа што дигиталната верзија во реално време се манува, во зависност од користењето на хаштагови од целиот свет на социјалната мрежа Твитер поврзани со теми за иднината.

Многу меѓународни компании вработуваат футуролози како советници, особено во процесот на управување со ризици. Футоролозите креираат предвидувања врз основа на бројни анализа, а до сознанија доаѓаат со испитување на тоа какви промени би требало да се случат за да се остварат хипотетички ситуации или настани во иднина.

За повеќе информации за конференцијата, посетете ја страницата www.futuretense.eu

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365