Home » Extra 5 » Водечкиот бренд на сток фотографии 123RF отвори претставништво во Србија

Водечкиот бренд на сток фотографии 123RF отвори претставништво во Србија

Водечкиот бренд за сток фотографии 123RF отвори свое претставништво во Србија. Корисничкиот сервис е на располагање 24 часа дневно, 7 дена во неделата, а поддршката е на српски јазик и се состои од давање на сите информации и техничка поддршка.

На понуда се повеќе од 40 милиони високо-квалитетни фотографии, векторска графика, инфографика (целосна или како материјал за нејзино правење), видео и аудио материјал по цена од 25 RSD / фотографија, кои може да се купат во динарска валута со можност за плаќање по пат на платен налог.

123RF

123RF претставува огромна дигитална библиотека која секојдневно се проширува со 35.000 нови содржини. Сток фотографиите 123RF се фотографии со висока резолуција со чие купување на лиценцата, корисникот се стекнува со правото на користење. Се употребуваат во форма на дигиталните фајлови и се достапни со еден клик. Тие може да се користат на посакуваниот начин на пример, како дел од рекламна кампања или за аудио-визуелно препознавање.

Со купување на било кој сток материјал на сајтот www.123rf.com, купувачот се стекнува со лиценца и правна гаранција (Legal Guarantee), дека купениот материјал може легално да го употреби. Еднаш купената лиценца, односно право на користење, може да се користи повеќе пати, без никакви дополнителни трошоци (Royalty Free). Лиценците може да се употребуваат за користење на веб-сајтови и блогови, за електронски документи и извештаи, мултимедијални презентации, онлајн рекламирање и промотивни материјали, како скрин сејвери, онлајн или ТВ рекламни или корпоративни видео материјали и печатено рекламирање и промоција во списанија, на билборди и на местото на продажба.

Корисничкиот сервис на српски јазик и купувањето во локална валута, ќе го олесни пронаоѓањето на оптимални решенија кои се прилагодени на потребите на корисниците. Благодарение на долгогодишното искуство во обезбедување на квалитетни услуги, како и големиот број на задоволни клиенти, нудиме содржини со највисок квалитет по пристапни цени. Располагаме со широк спектар на производи, благодарение на тоа што имаме автори од 200 земји “, истакна  Сузана Лаличиќ, аccount manager на претставнштвото на 123RF Србија.

Спецификите на 123RF се апликациите преку кои е можно монетизирање на сопствените фотографии, илустрации, снимки или контролирано надгледување и управување со фотографиите наменети за корпорации.

ON-THE-GO апликацијата претставува многу едноставно решение што на авторите (соработниците) им овозможува за неколку минути да ги аплоадираат своите дела и да заработат пари.

Платформа Corporate + е една од најдобрите решенија на пазарот на фотографии направена за големите компании и здруженија.

123RF е една од најбрзорастечките микро сток агенција во светот. Меѓународната компанија е основана во 2005 година и ја презеде водечката позиција. Работи на сите континенти и има повеќе од 200 вработени. Повеќе од еден милион корисници во светот ја искористиле базата и 100.000 фотографии од различни автори (соработници). Редовни корисници се многу влијателни компании, како Google, Microsoft, Deloitte, American Express … За 123RF услугите се определуват корисниците од различни сектори – медиуми, финансиски сектор, ИТ, маркетинг агенции, графички дизајнери и други..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365