Home » Extra 5 » Волшебни зборови од Pickbox: Гледајте ги бесплатно сериите и филмовите на новата платформа!

Волшебни зборови од Pickbox: Гледајте ги бесплатно сериите и филмовите на новата платформа!

Мај за домашната стриминг услуга Pickbox носи многу новини, но две се најважни: Pickbox ја редизајнираше својата услуга и овозможи бесплатен период за користење на услугата повеќе од еден месец. Регистрирајте се на www.pickbox.tv и гледајте ги сите серии и филмови достапни во понудата на Pickbox!

Pickbox е достапен во шест земји од регионот, почнувајќи од 8 мај 2014 година, а во четирите години интензивна работа ги следевме сите коментари и критики што за нас ги има на социјалните мрежи и во медиумите. За четвртиот роденден на Pickbox одлучивме себе и вас да ве почестиме со нов изглед на платформата и со нови функционалности, но и со целосно бесплатен период за користење на Pickbox до 4 јуни, период во којшто постапно ќе се спроведат сите промени во дизајнот и функционалноста.

Што треба да знаете за новата платформа

(објаснето на лаички начин)

  1. Првата ставка што корисниците ќе ја забележат е повеќекратната промена на интерфејсот во текот на мај, кој станува полесен за употреба и го покажува вистинското богатство на содржината на Pickbox.

Што значи тоа: Повеќе нема да можете да кажете дека не ги гледате тие 3000 часа со содржини со кои постојано се фали Pickbox; сега е мошне видливо колку серии навистина имаме, а сето тоа подредено според жанрови. Тоа значи и дека го модернизиравме целосниот изглед!

  1. Едно од честите прашања при активирањето на Pickbox е и колку содржини се овозможени во HD. Со новата платформа, повеќе од 50% од содржините ќе бидат достапни во HD-резолуција. Сепак важи напомената како и досега: за најдобра слика, условот е минимална брзина на интернет-врската од 2 Mbps.

Што значи тоа: Има можност викинзите да станат многу покрволочни од тоа на што се имате навикнато…

  1. Корисниците многу лесно ќе можат да се префрлат на нова епизода од серијата со помош на опцијата autoplay на десктоп апликацијата. Претходното искуство од користењето на Pickbox вклучуваше рачно префрлање на нова епизода, но сега новата епизода ќе се префрла веднаш по завршувањето на претходната.

Што значи тоа: Без ука нема наука, но кога се опуштате со омилените наслови, науката и не е потребна!

  1. Покрај целосното корисничко искуство, внимание се посвети и на достапноста на Pickbox, па така Pickbox, освен освежувањето на изгледот на веб-апликацијата достапна преку врската www.pickbox.tv, ќе го освежи и изгледот на апликациите Android и iOS, кои отсега ќе имаат поддршка и за Chromecast. Со тоа Pickbox ги исполни желбите на сите корисници кои обожаваат да ја споделуваат содржината со својот телевизор и со еднаков квалитет да гледаат серии и филмови на голем екран. Наскоро Pickbox ќе може да се гледа и преку Android TV, а до крајот на годината и преку Samsung Smart TV со оперативен систем Tizen, како и LG Smart TV со webOS.

Што значи тоа: На родителите сте им купиле Android TV, вие носите мобилен, а вашиот брат/сестра гледа преку лаптоп. Сите среќни и прилагодени според својот животен стил! Дополнително, со користење на Chromecast, вашиот мобилен станува далечински управувач.

  1. Бесплатна проба!

Што значи тоа: Бесплатниот Pickbox всушност е увертира во бесплатниот период од 30 дена што ќе можат да го искористат сите нови корисници. Значи, користењето на бесплатниот период ќе биде возможно само за новите корисници кои уште не се регистрирани.

Има ли некоја финта во „бесплатното гледање серии и филмови“?

Не. Одиме понатаму.

Не, сериозно, има ли некоја финта?

Навистина нема. Во текот на мај интензивно ќе се работи на спроведувањето на новиот дизајн и функционалноста, а некои од наброените промени веќе им се достапни на јавноста. Доволно е да се регистрирате на страницата www.pickbox.tv и да уживате во преку 3000 часа хит-серии и филмови, како и класици на „Дизни“. Пробајте и јавете ни за импресиите! За сите нејаснотии, слободно јавете ни на е-поштата info@pickbox.tv.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365