Home » Во фокусот » #ВолшебникотодОз

#ВолшебникотодОз

Ова е извадок од колумната на Ethan Kuperberg, која што во целост можете да ја најдете на следниот линк во online изданието на The New Yorker. 

Најпосле, Дороти и нејзините пријатели зачекорија кон гласот на Големиот Оз. Но Тото, се сопна на завесата во аголот на собата и истата падна при што го откри Оз. Не само Оз, таму стоеше стар ќелав маж со збрчкана фаца.

Дрвосечачот, со дигната секира се стрча кон човекот и го прашa – “Кој си ти?”. Човекот збунето одговори – “Јас сум Великиот и Страшниот Оз!” Нашите пријатели се погледнаа меѓу себе во чудење и неверување. “Јас мислев дека Оз е ГОЛЕМИОТ волшебник”, рече Дороти.

“И јас мислев така”, рече Плашилото.

“Како го направи тоа?”, праша Лавот.

“Како ТИ си Оз, Великиот и Страшниот?”, праша Дрвосечачот.

“Два збора – рече старецот – лично брендирање!”

Дороти го погледна Дрвосечачот со чудење. Најпосле, го праша човекот тивко – “Тогаш, ти не си Великиот волшебник, така?”

Човекот се насмевна – “Јас СУМ Великиот Оз…добриот брендинг те прави твојата целна публика да те идентификува како ЕДИНСТВЕНИОТ избор, не само најдобриот. Поминав години истражувајќи и развивајќи го моето автентично и единствено брендирање како Волшебникот.”

Дороти, по подолга пауза на глас кажа – “Мислам дека си многу лош човек!”

Оз на тоа само одговори – “Моментално сум прв на листата trending, па и не е баш важно што ти всушност мислиш!”

OZ

 

Останатиот дел од текстот можете да го прочитате на веќе дадениот линк. Што е најбитно во целиот овој муабет? Личниот бренд, кој што ви е прикажан на најдобро осмислениот начин преку погорниот пример со Оз, е она за што многумина би требало да се погрижат. Впрочем, личниот бренд е многу покомплициран да се направи место корпоративниот, но тоа веќе го знаете.

Колку се користат дигиталните медиуми за да се направат брендовите денес? Поприлично многу. Во овој момент, и Twitter заедницата и Facebook заедницата си имаат свои личности чиј бренд е популарен. YouTube е уште поголем медиум кога станува збор за брендирање, видете што прави со моменталното лудило наречено X-Factor.

Силен бренд мора да понуди единствено и целосно повеќе – сетилно искуство. Не е доволно само визуелно да се претстави производот или услугата во рекламата. Покрај сетилата на вид, потребно е да се приклучат и ангажираат и останатите сетила.

Доколку не сте се брендирале досега, време е. За останатите кои што се на тој пат, работете на својот бренд.

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365