Home » Во фокусот » Воведувањето на задолжително еднообразно пакување би можело да донесе големи загуби во индустријата на пијалоци, грицки и слатки

Воведувањето на задолжително еднообразно пакување би можело да донесе големи загуби во индустријата на пијалоци, грицки и слатки

Се зголемува стравот дека воведувањето на еднообразното пакување може да стане нов чекор во борбата против дебелината

Некои од најголемите светски брендови, меѓу кои и Coca-Cola и Kraft, би можеле да се соочат со удар по нивното работење вредно милијарди долари, доколку прописите за еднообразно пакување се прошират од тутунската индустрија на производите како што се алкохол, слатки, грицки и газирани пијалоци.

Според истражувањето на консултанската куќа Brand Finance, дури 187 милијарди фунти би можело да бидат избришани од кумулативната вредност на бизнисите што работат во овие сектори, доколку би се вовела задолжителното еднообразно пакување, при што Pepsi би бил најголемата поединечна жртва, бидејќи во тој случај компанијата би изгубила повеќе од една четвртина од вредноста на работењето.

Сепак, во апсолутна смисла, конкурентниот ривал Coca-Cola се соочува со најголем потенцијален удар од 47 милијарди долари. Алкохолните брендови би се соочиле со слична закана, а во прв ред тоа би биле AB InBev, Heineken и Pernod Ricard, кои се веќе под закана од построги регулаторни потези.

Дејвид Хај, CEO на компанијата Brand Finance, изјави:„Примената на еднообразното пакување во секторот храна и пијалоци, би ги направила некои од култните светски брендови непрепознатливи. Тоа засекогаш би го променил изгледот на полиците во супермаркетите и би резултирало со астрономски загуби за холдинг компаниите. Предвидената загуба на вредноста на брендот за загрозените компании би било само врв на ледениот брег. Еднообразната амбалажа би донела исто така и огромна загуба во креативните индустрии, вклучувајќи ги услугите на дизајн и огласувањето.“

Расте стравот дека воведувањето на еднообразното пакување би можело да стане нов чекор во борбата против дебелината, откако Британскиот медицински совет изјави дека на слатките производи треба да им се додаде етикета за предупредување во настојувањето да се намали потрошувачката.

Минатата година, тутунските гиганти ја изгубија својата правна борба против еднообразното пакување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365