Загадувањето на океаните со пластика претставува растечка закана за животот во морето, што е впечатливо и вознемирувачко илустрирано со нова кампања
Обичната пластична кеса можеби изгледа безопасна, но за некои може да донесе екстремно страдање – па дури и смрт. Илјадници животни во океаните се во таква опасност.
Представувајќи ја оваа сурова вистина преку моќни и вознемирувачки фотографии, невладината организација Sea Shepherd, која е фокусирана на зачувување на морските животни, започна кампања за подигнување на свеста за загадувањето со пластика.
3D рекламите се креирани во соработка со агенциите Tribal Worldwide од Сао Паоло и DDB од Гватемала, а основната порака на кампањата е: “Пластиката која вие ја користите само еднаш, ги измачува океаните засекогаш“.
Рекламите покажуваат различни морски животни, како што се фоки и желки во екстремна агонија, откако доаѓаат во контакт со пластичен отпад од предмети што се користат во секојдневниот живот и кои најчесто се исфрлаат без посебна грижа.
Покрај постери, се направени и визуелни слики и за социјалните медиуми, а повеќе информации за негативното влијание на пластиката во океанот можете да пронајдете на www.seashepherd.org.