Home » Во фокусот » Врачени PRO.PR наградите за 2014

Врачени PRO.PR наградите за 2014

На 12-тата PRO.PR церемонија која викендов се оддржа во Сараево, беа врачени и пригодните PRO.PR Awards 2014 за особени достигнувања во ПР професијата.

Даниел Колетиќ, претседателот на Организацискиот одбор на PRO.PR конференцијата на пригодната церемонија изјави: “PRO.PR наградите ги востановивме за да оддадеме признание, а што е уште поважно, за да не ги заборавиме поединците кои придонесоа за развој на струката за односи со јавноста и кои секојдневно практично управуваат со комуникациите. За доделување на наградите го избравме Сараево каде годинава се одбележуваат 30 години од Зимските Олимписки игри. А Олимписките игри, баш како и  PRO.PR, се специфични по тоа што ги поврзуваат луѓето во движење“

Како што претходно информиравме, добитник на PRO.PR наградата од Македонија е Емилија Зографска од телекомуникацискиот оператор ONE.

Емилија Зографска ПРО.ПР

Емилија Зографска со враченото признание

По повод добивањето на ова признание, Емилија Зографска за Маркетинг365 изјави  : “Чест е да се биде носител на оваа награда особено што доаѓа од професионалци во фелата. Иако е лична сепак е колективна бидејќи единствено тимската работа во ОНЕ е гаранција за успех. Продолжувам со уште поголема одговорност и заложба за унапредување на професијата

Останати овогодишни добитници на PRO.PR Awards се и :

Betϋl Mardin (Турција),

Andrey Barannikov (Русија),

George Ellis (Белгија),

Cormac Smith (Обединето Кралство),

Tamara Valenčič (SIMOBIL) и Mojca Beljan (Општина Копер) од Словенија;

Olivera Međugorac (Nestle Adriatic), Sandro Baričević(Coca- Cola) и Anja Linić (Agrokor) од Хрватска;

Edo Numić (Violeta), Mirna Šoja (Министерство за внатрешни работи на Република Српска) and Dunja Mijatović (OSCE) од БиХ.

Žana Ranković (Sava осигурување) и Maja Šotra (Philip Morris) од Србија и

Jovanka Radović (Montenegrin Telecom) од Црна Гора.

Доделени ПРО.ПР наградите

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365