Време е да се каже не на кич божиќните џемпери, се вели во оваа кампања која за Diesel ја изработи агенцијата Publicis Italia
Diesel започна нова духовита кампања со која се прогласува војна на култот на кич божиќни џемпери, со слоганот „Say No to Uncool Wool“. Главниот протагонист на кампањата е една овца, облечена во кожа и фармерки, во добро познатиот бунтовнички стил.
Видеото го прикажува арт директорот на овај бренд, Никола Формичети, кој тргнува во поход да ги уништи кичестите, скокотливи џемпери од светот на модата. Тој го формулира слоганот „Say No to Uncool Wool“, но има проблем да го пронајде средишниот мотив на кампањата.
Инспирацијата му доаѓа во вид на овца, која за снимањето ја облекува во стилот на Diesel. „Овца против не-cool волна?!“ извикува тој. „Па тоа е совршено!“
Брендот во рекламите исто така напоменува дека сите cool облеки кои можете да ги видете на овцата како модел, се достапни и во „човечки величини“.