Home » Во фокусот » Welcome to the future

Welcome to the future

Cannes Lion International Festival of Creativity e во полн ек деновиве. Најдоброто од изминатата година на полето на маркетингот и неговите сродни полиња се наградуваат во неколку категории. Целата листа на наградени можете да ја погледнете на официјалната веб страна на Кан тука.

Овој артикл е наменет за најновата категорија наречена Иновација. Додека досега се наградуваше иновацијата и креативноста внесена во другите сегменти, дојде време да се награди и самата иновација (било тоа да е техника или некој вид на софтвер) што може да им послужи на маркетерите во нивната работа.

Како за прв пат, наградата отиде во рацете на  компјутерски софтвер Cinder, создаден од дигиталната агенција The Barbarian Group, најпрвин како поддржувачки софтвер во нивната секојдневна работа па се до откритието дека истиот тој софтвер може многу повеќе да користи ако се направи како stand alone проект и тоа отворен за сите софтвер девелопери.

Што прави овој софтвер? Неверојатни визуелизации создадени да се движат во оној ритам во кој што ќе посакате! Зошто да ви опишувам со зборови кога видеото заменува еден том книга?

Повелете:

 

Cinder Highlights Reel from The Barbarian Group on Vimeo.

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365