battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Wow.Mk – прв веб-шоп во Македонија за попусти на ексклузивни женски брендови

Wow.Mk – прв веб-шоп во Македонија за попусти на ексклузивни женски брендови

Ако се земе предвид дека шопингот е една од најслатките обврски на современиот човек, но и хобија на современата жена, очекувано е дека современиот животен стил донесе видни промени и на ова поле. Поминувајќи многу повеќе време пред компјутер, продолжувањето на работно време до доцните попладневни или вечерни часови и барањето виртуелни начини да се организира сопствениот живот, релаксација и обврски неминовно доведе до се поголема популаризација на он-лајн купувањето. На пример во САД, во изминатите 3 години единствен тип на малопродажба што не бележи пад и во рецесија се онлајн сервисите како Amazon, RueLaLa и многу други.

Примамливите брендови, многуте попусти, но и самите гаранции за заштита на правата на купувачите и услугата кон нив, како и можноста да се купува во било кое време – кога и да му одговара на купувачот се само дел од причините зашто се повеќе и повеќе девојки и жени практикуваат онлајн шопинг. Еден таков наш домашен веб-шоп е и www.wow.mk кој е наменет баш за продажба на женски производи и услуги од ексклузивни женски брендови.

wow 2 - marketing365

 

Правилото “Ако те интересира што е подобро, прашај што е поскапо” повеќе не важи. Конкуренцијата, рецесијата, но и се поголемите напори да се дојде до нови потенцијални кориснички го направија своето. Денес луксузните брендови, во корист на сите нас, може да се најдат и на попуст!

Сајтот www.wow.mk  е прв специјализиран портал за продажба на софистицирани женски производи, а на истиот на попуст може да се најдат некои од омилените женски брендови како Swarovski Elements, Victoria’s Secret, Guinot Institute Paris, ShoeArt, Deborah Milano, Студио Ин – Сергеј, Витамед, BeautyLab, како и многу патувања, курсеви, релаксација

“Бидејќо си паметна, современа и прекрасна, кога ќе те видам велам WOW” e слоганот на WOW, кој низ смеа со нас го сподели тимот кој го изработува порталот кажувајќи ни дека истиот е инспириран од типичните кориснички на WOW додавајќи дека “Целта на сајтот е на секоја современа девојка, жена, мајка, студентка или деловна жена со многу обврски е да и помогне да си обезбедат покомфорен живот со ограничен буџет”.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365