Home » Digital » YouTube им плаќа на креаторите на содржини за промовирање на новите опции

YouTube им плаќа на креаторите на содржини за промовирање на новите опции

YouTube, на своите највлијателните креатори на содржини започна да им плаќа за промовирање на новите опции, како што се оние кои му овозможуваат да се натпреварува со платформите како Twitch и Mixer, а износите наменети за тоа не се занемарливи.

Имено, влијателните креатори неодамна го изразија своето незадоволство поради ограничените начини на кои тие можат да заработат преку платформата на која и` донесуваат голем број на корисници и истакнаа дека рекламите не се доволни, па лесно би можеле да се изгубат во содржината што ја креираат. Од друга страна, платформите како што се Фејсбук и Инстаграм, веќе со години се обидуваат да преземат некои од најголемите имиња на YouTube и дека парите се единствениот начин да се задржат и дополнително да се мотивираат влијателните креатори.

Така, YouTube неодамна додаде уште неколку начини на кои креаторите на содржини може да заработуваат, како што е т.н. „merch“ програма, во која корисниците можат да платат со цел своите коментари да ги прикачат на врвот на live chat-от во контекст на некоја содржина, како и споменатото плаќање за промоција новите опции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365