Home » Digital » YouTube ќе покажува статистика за времето поминато во гледање видеа

YouTube ќе покажува статистика за времето поминато во гледање видеа

Од сега, YouTube на своите корисници ќе им нуди увид во податоците за тоа колку време поминале на оваа платформа

Како и со социјалните мрежи, така и со гледањето видеа на интернет е лесно да се претера, пред се` затоа што линеарна телевизија стана досадна и застарена.

YouTube, како најпопуларен интернет видео сервис во светот, донекаде е одговорен за нашата “дигитална благосостојба”, па во согласност со иницијативата на Google, Digital Wellbeing, воведува можност за преглед на детална статистика за времето поминато на оваа платформа.

Секој гледач кој користи некои од апликациите на YouTube (на iOS или Andorid) со ново ажурирање ќе добие ново подмени “Time watched“. Во него ќе може да види колку време во последните денови поминал во гледање на видеа на овај сервис и тоа вкупно, на сите уреди поврзани со неговиот профил.

Деталната статистика за гледање видеа, ќе се наоѓа веднаш до опцијата за периодичниот потсетник за прекумерна употреба “Remind me to take a break“, која во апликацијата е воведена пред неколку месеци.

Податоците за времето поминато во гледање на YouTube би требало да му ја пробудат совеста на сите корисници, а тие врз основа на нив трба да бидат способни да донесат “информирана одлука” за тоа како овај видео сервис најдобро се вклопува во нивниот живот – сметаа надлежните во YouTube.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365