Во добро или зло, многумина од нас низ целиот свет никогаш не биле поблиски во нашите домови.
Додека градовите, а во некои случаи и цели нации, се ставени во карантин за да се спречи ширењето на вирусот СОВИД-19, милиони луѓе одеднаш се најдоа во ситуација да работат од дома или едноставно се чувствуваат како да се заклучени во поголемиот дел од денот.
Брендот Икеа, кој можеби најмногу го поврзуваме со домот, креираше реклама која се однесува на овие надреални моменти на поврзување со домот.
Рекламата е развиена и реализирана од страна на агенцијата McCann Мадрид. Кампањата настана од голем број паметни и различни кампањи за малопродажба во последните години. Овој пат, веројатно како резултат на брзите пресврти и ограниченото производство поради забраните за патување, видеото е релативно минималистичко.
Видеото генерално и мудро избегнува директна порака за продажба – не дека Икеа некогаш применувала таков вид на маркетинг – сепак незабележливо го провлекува предлогот дека „ова може да биде време да го обновите вашиот мебел“. Ако ништо друго, малите напори за реорганизација можат да ви дадат чувство на контрола или, барем да ви го одвлечат вниманието.