Home » Во фокусот » Ексклузивно: Заев и Ахмети “се скараа“ поради маркетинг агенции!?

Ексклузивно: Заев и Ахмети “се скараа“ поради маркетинг агенции!?

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети неколку часа во текот на вчерашниот празничен ден беа “скарани“ – ако се суди според насловите на неколку портали кои трчајќи по сензационализам “се излизгаа“ на вест од 2016 година. 

^^Ова погоре е пример за Click Bait наслов. Тоа се наслови кои имаат за цел да испровоцираат кликнување од определен таргет на интернет корисници (во случајов луѓе од маркетинг индустријата) со двосмислен контекст или сензационализам.

Голем број корисници на социјалните мрежи вчера споделуваа вест во која се вели дека ДУИ ги повлекува министрите од Владата. Сепак, веста е од 2016 година кога ДУИ ги повлече министрите од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на нивно место постави млади кадри.

Набрзо откако веќе се предизвика очекувана “паника“, а порталите беа “информирани“ дека станува збор за стара вест на која се залепиле, тие почнаа да ги бришат своите текстови.

Сепак, благодарение на агрегаторите сеуште можеме да видиме трага од насловите со кои се брзаше по сензационализам за екстра кликови.

Оваа ситуација сепак крие една голема вистина, а таа е дека се повеќе и повеќе сме сведоци во онлајн медиумскиот простор на трчање по кликови, инстантно “copy-paste новинарство“, на објавување на непроверени вести, на едек куп “Сензационално“, “Ексклузивно“, “Вчудоневидувачки“ наслови – со единствена цел да се испорача некоја импресија плус која ќе биде “вредна“ за презентациите за посетеноста… а “безвредна“ за кредибилитетот на медиумот.

На крајот од денот порталите кои објавуваат таков вид на copy-paste вести и кликабилни наслови веројатно очекуваат дека ќе се најдат на некоја листа погоре од некои кои одбиваат така да ги придобијат читатели и веројатно (ако плитко се размислува) ќе бидат “фаворизирани“ за следата “кампања“.

И тогаш се поставува прашањето: Што ако си добил повеќе импресии? Што со тоа дека твојот банер имал 1000, место 100 појавувања? Дали сме сигурни дека кампањата со тоа била поуспешна? Дали се битни импресиите кои се остварени на сметка на кредибилната комуникација на брендот, во денешното “скролачко“ однесување ?

И финалното: Каква врска имаат импресиите со довербата и продажбата ? (нели е тоа финалното нешто од интерес? се разбира ако за момент го занемариме бренд-капиталот и неговиот развој!).

Едно е сигурно, а тоа е дека интересот на огласувачот е поткопан со асоцијацијата од клик-бајт сајтовите и кредибилитетот на сајтот неизбежно се пренесува на кредибилитетот на огласувачот.

На огласувачот (и на агенцијата која работи за нив) е да одлучат што ќе биде одлучувачко при изборот на сајтови за следната кампања: Само број на импресии кои може да ги испорача сајтот или квалитетни асоцијации и продажба! И оваа дебата сега се води на светско ниво бидејќи не само што трчањето по сенационализам штети на брендовите, туку штети и на јавниот интерес – бидејќи го подрива кредибилитетот на медиумите кои губат од својата моќ да бидат предводници на прогресивните процеси!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365