Home » Во фокусот » Започна кампања за промоција на огласувањето “Огласување. Твое право да избереш“

Започна кампања за промоција на огласувањето “Огласување. Твое право да избереш“

(РЕГИОН) – Интернационалната Адвертајзинг Асоцијација (IAA), меѓународно здружение кое ги обединува претставниците на огласувачите, маркетинг агенциите и медиумите, во средината на февруари започна со глобална кампања со која на потрошувачите и релевантните владини институции сака да им укаже на значењето кое огласувањето го има за глобалната економија.

Во регинот, оваа кампања засега е започната само во Србија кога вчера беа лансирани првите сити лајтови низ белградските улици.

Во склоп на кампањата, ИАА и агенцијата GfK спроведуваат истражување за имиџот на маркетинг професијата, а резултатите ќе бидат презентирани на меѓународниот фестивал “The Cup” кој овој месец од 13 до 17 ќе се оддржува во Белград.

“Огласување. Твое право да избереш“ е основната порака на кампањара која IAA ја покрена со намера да ја истакне користта која ја носи огласувањето. Кампањата укажува на фактот дека огласувањето создава и охрабрува конкуренција, поддржува иновација на производите и отвара нови работни места.

oglasuvanje 1

огласување 2

Извор: Маркетинг Мрежа

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365