Статистиките покажуваат дека годишно во Македонија околу 70 нови пациенти заболуваат од рак на простата, а дури кај 90% од нив болеста се открива во доцна фаза, кога излекувањето е речиси невозможно. Исто така, 5 до 20 отсто од мажите во светот имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција, односно неспособност да воспостават и одржат ерекција доволна за сексуален однос. И заболувањата на простата и еректилната дисфункција влијаат на способноста на мажите да водат исполнет сексуален живот, а со тоа и на самодовербата кај мажот и на меѓупартнерските односи.
Заболувањето на простатата е само една од можните причини за еректилната дисфункција. На оваа појава исто така влијае стресот, консумирањето алкохол, цигарите, нездравиот начин на живот, неправилната исхрана и сл. Здравата исхрана, вежбањето, редовната посета на уролог и користењето витамини и додатоци во исхраната, од друга страна пак, може значително да придонесе за превенција од појава на овие болести.
Грижата за машкото здравје не е само грижа на поединецот. Затоа во Македонија започна кампањата #здравамашкост. Целта е да се подигне нивото на свесност кај машката популација за потребата да се грижат за сопственото здравје. Дополнително, кампањата придонесува за разбивање на стереотипите, поттикнувајќи ги отворено да разговараат и да побараат помош доколку се соочуваат со некакви проблеми.
Кампањата е проследена со постер во продолжение: