Home » Во фокусот » Започна NEM 2018: ексклузивно отворање на NEM Rooftop

Започна NEM 2018: ексклузивно отворање на NEM Rooftop

Шестото издание на NEM, ексклузивната конференција која ги собира најдобрите медиумски професионалци од регионот, денес е официјално отворена. Свеченото отворање под покровителство на NBCUniversal, со спектакуларен поглед и зајдисонце на терасата на покривот на хотелот Дубровник палас, беше вовед во следните четири дена на NEM во Дубровник. Оваа година, New Europe Market ќе се фокусира на важноста на содржината во ТВ-индустријата и на локалната продукција, а ќе собере многу интересни говорници и врвни експерти во своите области.

NEM 2018 година ќе трае од 11 до 14 јуни и ќе понуди многу интересни теми поврзани со светот на телевизија – од рекламирање, дигитализација, пиратеријата и локална продукција, па се до ивонредната гледаност на сериите „Skam“ и „Успех“, со придружните проекции на NEM.

NEM 2018 ви носи …

Во воведниот панел “Игра на pay TV и дигиталната содржина”, ќе се зборува за иднината на ТВ каналите и нивното фаќање чекор со сеприсутната дигитализација. На панелот Огласување?: Кога е премногу”, за светот на огласувањето ќе зборуваат врвни експерти во индустријата и ќе допрат до приходите, публиката, содржината и новите алатки во огласувањето. Вториот ден од NEM ќе го заокружи панелот “Мали шефови – големи барања”. Во пресрет на Светското првенство во фудбал, третиот ден на NEM ќе започне со панелот “Фудбал: Кој ја држи цената високо”, додека вториот панел: “Може ли локалната продукција да направи разлика?”, ќе се обиде да го реши проблемот на гледаноста и квалитетните содржини и програми. Панелот “Како да се произведе одлична локална содржина?” се надоврзува на локалната продукција, а во него ќе учествува и Ларс Линдстром, продуцентот на една од најпознатите скандинавски серии Humans. Последниот ден од NEM е посветен на скокотливата тема “Борбата против пиратеријата во регионот“, која ќе отвори многу прашања во врска со пиратеријата на интернет, како на пример, какви санкции треба да се воведат на пазарот и што можеме да научиме од другите земји.

Вториот ден од NEM ќе започне со студија на случај за Дојче Телеком под наслов “Како изгледа успехот – 10 минути по нашите пазари во Централна и Источна Европа”, која ќе ја презентира Анет Шефер, заменик-претседател на ТВ бизнис процеси за Европа во Дојче Телеком. Араш Пендари, директор и основач на Vionlabs, ќе одржи презентација која се однесува на развојот на вештачката интелигенција во филмската и ТВ-индустрија, а Хакон Мослет, продуцент на серијата “Skam“, ќе ги презентира сите детали за глобалениот феномен на оваа норвешка серија наменета за тинејџерите.

Како се модернизирал брендот National Geographic, стар дури 130 години, ќе биде презентирано од страна на Кристијан Брент, виш потпретседател за глобално истражување и стратегија во Fox Networks Group.

За новата ера на телевизијата ќе зборува Ерик Јун, шеф на ТВ бизнис и Ѓерѓ Такас, технички експерт за домашна забава, подружница за Централна и Јужна Европа, во LG. Презентацијата од страна на IBM ќе покаже како компаниите ги заменуваат постоечките и непријатни техники за споделување на производи за пренос на содржини со висока брзина на Aspera.

Комплетната агенда проверете ја на следниот линк, а сите настани и занимливости поврзани со NEM можете да ги следите и преку социјалните мрежи  Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365