Меѓународниот ден на жената, кој традиционално се одбележува на 8 март, е ден кога се слават личните, професионалните, , политичките и социјалните права и достигнувања на жените. Во исто време, ова е ден кој ја слави родовата еднаквост и зајакнување на жените, а MasterCard со поддршка на агенцијата McCann Белград, реализираше акција која сите ги охрабри да покажат разбирање, поддршка и љубов.
Бидејќи за осми март вообичаено се подарува цвеќе, на улицата Кнез Михајлова во Белград, минувачите беа дочекани од голем цветен ѕид, кој во себе содржел дури 2.500 рози кои минувачите можеа да ги земат со себе и да ги израдуваат своите мајки, сопруги, сестри, колеги и пријателки. Секоја роза на себе содржела брендирана Mastercard порака “За мене си непроценлива”, со цел дополнително да ги инспирира жените да бидат храбри и да ги следат своите соништа.
Mastercard цветниот ѕид е дел од познатата светска платформа Start Something Priceless (Започни нешто бесценето), која се роди од идејата дека искуствата се повредни од предметите, но и од потребата дека треба се повеќе да се обрне внимание на убавите работи што се случуваат околу нас, како и да самите да ги започнеме. Во рамките на оваа платформа, MasterCard ги поврзува луѓето со единствена можност, што покажува дека искуството е често поважно од материјалните работи и ги охрабрува уште денес да започнат нешто непроценливо.