Home » Во фокусот » Жарко Димитриоски учесник на панелот “Дигитален хаос“ на Викенд Медиа Фестивал

Жарко Димитриоски учесник на панелот “Дигитален хаос“ на Викенд Медиа Фестивал

Жарко Димитриоски од маркетинг агенцијата “Еден на Еден“ од Скопје е учесник на панелот “Дигитален хаос“ кој ќе се одржи за време на најголемиот регионален собир на комуникациската индустрија Викенд Медиа Фестивал, кој за десетина дена почнува во Ровињ, Хрватска.

zarko eden na eden

Покрај Димитриоски, на панелот кој ќе биде модериран од Даниел Билиќ (YAMMAT FM), најавени се да учествуваат уште и Ида Престер, популарната регионална музичарка и новинарка, како и музичарот Роберт Пешут, попознат уште и како Магнифико.

Тема на панелот е состојбата со медиите и нивната секојдневна промена под влијание на дигиталниот свет, т.н. медиатизација и дигитализација која ги менува нашата околина и нашиот секојдневен живот.

Димитриоски годинава ја продолжува традицијата на македонски претставници во панелите на Викенд Медиа Фестивал, откако претходните година имавме претставници на панелите “Girl Power“ (Александра Дилевска), “Поглед преко плота“ (Владимир Димовски, Сашо Пешев и Александар Ивановски) и “Тко је кога појео“ (Сашо Димитриевски).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365