Home » Во фокусот » Жените во центарот на вниманието во рекламите за време на доделувањето на Оскарите

Жените во центарот на вниманието во рекламите за време на доделувањето на Оскарите

Nike, IBM, Ford, па дури и AB InBev оваа година се претставија со реклами во кои жените ја имаат главната улога

Ѕвездата во рекламните блокови за време на овогодинешниот Оскар, несомнено беше кампањата “Dream Crazier” од Најк, со Серена Вилијамс во улога на наратор во рекламата, во која се прикажани исклучиво жени, но тоа не беше единствената реклама, која на овогодинешните награди главната улога им ја додели на жените.

Како што наведува Ad Age, Шели Залис, извршен директор на организацијата The Female Quotient, изјави: “Различноста победи на овие Оскари. Сега ја направивме родовата еднаквост свесна одлука во рекламирањето”.

Рекламата на Најк “Dream Crazier“, која привлече големи пофалби во онлајн светот, со повеќе од 180.000 ретвитови и над 200.000 лајкови само на постовите на Најк и самата Серена, можете да ја погледнете подолу.

Други реклами кои ги нагласија жените за време на доделувањето на Оскарите оваа година беа IBM, Cadillac и Budweiser.

Во рекламата “Dear Tech” на IBM, Тарана Бурк, основач на движењето #MeToo, им го постави на технолошките компании прашањето: “Дали работите за сите нас или само за неколкумина од нас.”

Cadillac ја промовираше својата кросовер/ SUV линија во нивната кампања #RiseAbove, со серија реклами кои ги прикажуваат жените зад воланот.

“Брендовите денес самите ја преземаат одговорноста за претставување на жените онакви какви што се навистина”, вели Залис.

Брендот AB Inbev лансираше реклама која првично беше направена за Супербол, но ја остави за Оскарите, во која игра Шарлиз Терон и со која се промовира нивната ограничена едиција Reserve Copper Lager.

Музичката подлога на рекламата е песната „Tricky“ од групата Run-DMC, во која еден од стиховите порачува: „These girls are really sleazy, all they just say is please me.

извор: AdAge

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365