Home » Digital » Жителите на Берлин се противат на доаѓањето на Google

Жителите на Берлин се противат на доаѓањето на Google

Сите големи градови се борат да станат седиште на технолошките гиганти, освен Берлин, чии жители се уверени дека доаѓањето на Google ќе им ја загрози егзистенцијата

На улиците на Герлизер, во источниот дел на областа Кројцберг во Берлин,  се забележуваат знаци на незадоволство по повод најавеното доаѓање на технолошкиот гигант Гугл, а плакатот на кој пишува „Fuck off Google“ е само еден од многуте, пренесува Blic.

Плановите за доаѓањето на новиот центар наидуваат на противење од локалните жители, кои на креативен начин го изразуваат незадоволството заради „егзистенцијална закана“.

Во локалната книжарница „Kalablik“ два пати месечно се одржува средбата „Anti-Google-Cafe“ , а од минатата година излегува и весник кој се бори “против Google, гентрификацијата, раселувањето и техничката доминација“.

Седиштето на идниот кампус на Google е зградата на поранешната електронска станица која моментално се изнајмува за различни настани. Иако отворањето првично беше најавено за септември 2017 година, во меѓувреме беше одложено за оваа есен .

Тоа ќе биде седмиот таков центар на Google во светот. Во Центрите во Лондон, Мадрид, Тел Авив, Сао Паоло и Варшава се наоѓаат деловните простории на основачите на стартап компании, а служат како центри за поврзување и образование.

Плановите на Google за отворање таков центар во Берлин предизвикаа тензии околу преселувањето на локалните бизниси, уметници и жители кои живеат таму со години, но повеќе не можат да ја платат станарината која постојано расте. Тие го гледаат доаѓањето на Google како симбол на економски, а можеби и на културни промени, кои само ќе следат панатаму.

“Мислам дека од Google беа изненадени што наидоа на отпор”, вели Штефан Клајн, локален активист од организацијата GloReice, на еден од состаноците кои се одржуваат два пати неделно.

Секоја вечер после работа, тој и неговите колеги нудат совети за граѓаните кои се плашат дека ќе мора да го напуштат ова место.

“Секаде каде што отворија центар, беа дочекани со аплауз, но не и тука”, вели Клајн.

“Гентрификацијата (претворање на цели делови од градот во скапи центри за просперитетни луѓе од средната класа, така што луѓето што тука живеат со години, не можат да го поднесат порастот на цените и трошоците за живот) можеби веќе се случи, како во Лондон, на пример, или во Варшава, па тука, во Кројцберг, луѓето се сомневаат”, вели Клајн.

Бумот на нови компании беше проследен со скок во станарината, која се зголеми за речиси 70 проценти во периодот помеѓу 2004 и 2016 година.

Со оглед на тоа што дури 85 проценти од луѓето во овој град живеат како подстанари, ова стана важно локално и државно политичко прашање, а во април се одржаа демонстрации против “лудите станарини” во Берлин, на кои учествувале помеѓу 13.000 и 25.000 луѓе.

Локалните политичари промовираат “дигитализација” на Берлин, но активистите стравуваат дека станува збор за смислен модел на работење. Краткиот животен век на некои стартап компании оди во прилог на закуподавците, бидејќи знаат дека ќе можат да ја подигнат својата станарина за две или три години.

Покрај зголемувањето на станарината, активистите се загрижени и за експлоатацијата на локалната креативна сцена.

“Тие стратешки го избраа Кројцберг за искористување на лабавата мрежа на креативци и атмосферата на невклучување во какви било ограничувања и правила, ова е област која ја бие глас дека е без предрасуди и малку откачена”, вели Константин Сергиј, член на активистичката организација Bizim Kiez.

Тој тврди дека компанијата Sidewlak Labs, во сопственост на матичната компанија на Google, „Alfabet“ неодамна му понудилa на Торонто да го обнови крајбрежјето и да направи паметен град, а тоа е го смета за сериозна причина да се сомнева дека интересот на компанијата е да дојде до податоци .

„Веројатно мислеа дека ќе се сместат овде и дека луѓето ќе се почувствуваат ослободено, бидејќи сите го сакаат Гугл, зарем не? Но, нема да им биде лесно како вообичаено“, вели активистот кој го користи псевдонимот Lari Pejdžblenk.

Основачот на сајтот „Fuck Off Google“ укажува на тоа дека во минатото оваа технолошка компанија била пример за избегнување на данок и обид за масовно следење, што не е во согласност со прогресивните вредности на овај дел од Берлин.

Тој вели дека повеќе сака градот да стане “престолнина на децентрализирана технологија, која им дава на луѓето слобода, наместо да ги ограничува“.

Извор: Tanjug

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365