Home » Во фокусот » Златен медал во категоријата “маркетинг” на Сочи 2014 добива…

Златен медал во категоријата “маркетинг” на Сочи 2014 добива…

Зимските Олимписки Игри (и Олимпијадите воопшто) имаат свој сет на спонзори кои што своите маркетинг активности за време на Игрите (претходно, но и потоа) ги акцентираат на големиот настан.

Сепак, многу компании кои директно (ниту индиректно) не се спонзори на Олимпијадите а ги користат истите за да го добијат своето место под Сонцето. На пример, за време на Олимпијадата, McDonalds е официјален спонзор (вклучувајќи го и кафето) и се што ќе се види од јадење треба да го има познатиот знак М на себе. NBC, американската ТВ мрежа во своите студија си постави свој Starbucks кафе штанд и вработените го пиеја овој продукт. Официјалните лица на ЗОИ им забранија да ги изнесуваат кафињата надвор од нивните простории поради спонзорството на McDonalds :)

Зимски олимписки игри Сочи

Олимписките Игри се познати по своите строги правила за рекламирање, но еве како изгледа листата со брендови кои што најмногу се асоцираа со Олимписките Игри во Сочи што се одржија минатиот месец:

1. RedBull (233.06)
2. P&G (205)
3. Samsung (200)
4. Subway
5. Coca-Cola
6. Panasonic
7. Rolex
8. Unilever
9. Siemens AG
10. GE

Задебелените брендови во Топ10 листата не се спонзори на Олимписките Игри, а RedBull е официјален победник. Медиската компанија Global Language Monitor го изврши рангирањето користејќи го своето Brand Affiliation Index (BAI). Целиот извештај го имате тука.

Маркетерите се обидуваат на секој начин да се поврзат со големите светски настани иако тие не се спонзори на истите. RedBull е спонзор на сите оние X Games, каде што има повеќе адреналин, и одтука своите маркетинг активности ги насочува кон младата популација, а дел од спортовите застапени во X Games ги има се повеќе на Олимписките Игри со цел истите ИОК да ги направи поинтересни за токму тој сегмент од светската популација.

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365