Home » Во фокусот » Знаете ли каде е Г-точката на Европа?

Знаете ли каде е Г-точката на Европа?

Главниот град на Литванија започна провокативна бренд кампања

Главниот град на Литванија, Вилнус во својата нова бренд кампања започна една необична кампања, со доста провокативна и на некој начин “безобразна” платформа, која се врти околу идејата дека никој не знае каде се наоѓа градот Вилнус. А што друго е тешко за наоѓање? Г-точката.

Затоа во новата кампања, Вилнус стана Г-точка на Европа, со пораката: “Никој не знае каде е, но кога ќе ја најдете, тоа е неверојатно”.

Кампањата беше лансирана претходно овој месец, но нејзиниот концепт беше роден две години претходно, креиран од страна на двајца студенти, Jurgis Ramanauskas (25) и Skaistė Kaurynaitė (27), во текот на креативното огласување во Atomic Garden School во Вилнус.

Откако идејата стана популарна на интернет, ја презеде Агенцијата за развој на главниот град на Литванија Go Vilnius, па и покрај тоа што кампањата се соочува со бројни критики, вклучувајќи ја и Католичката црква, организацијата цврсто стои зад неа и тврдат дека впечатоците за кампањата се главно позитивни.

“Примарниот предизвик со кој се сретнавме во позиционирањето на Вилнус како туристичка дестинација е поврзан со свеста дека малку луѓе знаат за нашиот град”, изјави за TheDrum, Inga Romanovskienė, директор на Go Vilnius. “Затоа подигнување на свеста беше главна цел која требаше да ја решиме.” И дефинитивно успеале во тоа, бидејќи кампањата е секако, нешто што не се гледа секој ден во официјалното брендирање на градовите или земјите, што пак, и` донесе големо медиумско внимание ширум светот.

Подолу, погледнете неколку видеа од кампањата:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365