Home » Во фокусот » Зошто новите генерации на потрошувачи имаат доверба во препораките на инфлуенсерите?

Зошто новите генерации на потрошувачи имаат доверба во препораките на инфлуенсерите?

Денешните потрошувачи можеби не знаат што точно сакаат, но кога ќе одлучат дека нешто им треба или “мора“ да го имаат, секако дека сериозно ќе се потрудат да истражат пред да купат.

Истражувањето кое го спровела компанијата GE Capital Rerail Bank, покажува дека 81% од купувачите ги истражува производите онлајн – пред да оди да ги погледне и купи во продавница. Исто така, се покажало дека потрошувачите во просек “трошат“ до 79 денови на собирање на информации пред да направат некое големо купување.

Но, без разлика дали станува збор за шампон, мобилен телефон или нешто трето, потрошувачите преферираат да ги послушаат мислењата на другите луѓе – отколку да слушнат што има за производот да каже самата продавница.

Seiko Pepsi&CocaCola

Кои се всушност потрошувачите на денешницата?

Пред се зборуваме за оние кои се родени помеѓу 1981 и 1995 година (Генерацијата Y) и личности родени помеѓу 1996 и 2001 (Генерацијата Z). Првите се деца на милениумот (отаму и зборот миленијалци), кои во моментов се најголема група на пазарот на трудот. Тие пораснаа во “светот на изборот“ и за нив работата не е се` што сакаат од животот. Важно им е слободното време, нивното хоби, патувањата а желни се и за предизвици и нови знаења. Исто така, имаат природна потреба за да го преиспитаат она што им е кажано, односно не им се доволни само убедувањата – туку сакаат и докази и факти!

Од друга страна, генерацијата Z – расте во вмрежениот свет кој им овозможува со еден клик да дојдат до информации. Токму поради достапноста на новите технологии, недостатокот на лична комуникација и динамичниот начин на живот – припадниците на оваа генерација се остамостојуваат побрзо од претходната генерација. Освен тоа што почнаа да учат многу порано, тие брзо преминуваат од една на друга задача и поголема важност често придаваат на брзината отколку на точноста. Затоа тие сакаат конкретни одговори на прецизни и директни прашања.

Веруваат на онлајн препораките скоро еднакво како и од своите блиски

Според психоаналитичарот Ерик Ериксон, развојот на чувството на доверба е еден од најважните аспекти на психосоцијалниот развој во првите две години од животот. Затоа, луѓето со кои сме биле опкружени во детството, со кои сме биле блиски, се оние на чие мислење најмногу веруваме. Ако од некого бараме препорака, во главата веќе имаме створено перцепција деали таа личност ќе биде искрена – кои се нејзините способности и вредности. Затоа психолозите твдат дека ако сакате некој да Ви верува, прво треба да ги импресионирате со вашето знаење и способности, а потоа да им покажете дека сте човечко битие баш како и тие.

Кога зборуваме за процесот за донесување на одлуки за купување, мнозинството потрошувачи, посебно Генерација Y и Генерација Z – се ослонуваат и на препораките на луѓето кои не ги познаваат приватно. Во динамичниот начин на живот, модерните потрошувачи немаат време да бараат мислење од пријателите и семејството, туку ги бараат онлајн. Податоците од NoGre.com, говорат дека дури 88% од корисниците им верува на препораките онлајн, скоро исто како и препораките од блиските луѓе. Речиси истите бројќи ги доби и истражувањето на Твитер и аналитичката компанија Annalect.

40% од испитаниците рекле дека купиле производ откако виделе дека го користи инфлуенсер на Инстаграм, Твитер или Јутуб.

Студијата  за инфлуенсерите направена од маркетинг платформата gen.video и маркетинг агенцијата Geometry Global, открива дека повеќе од 90% од корисниците на социјалните мрежи изјавиле дека купуваат откако ќе видат определен прозивод или услуга онлајн, а 33% од нив велат дека инфлуенсерите им се доверлив извор при носењето одлука за купување. Студијата е објавена во минатата година и опфаќа одговори од над 1000 испитаници. Од целиот број на испитаници, само 17% рекле дека во моментот на донесување на одлука за купување го зема во обзир мислењето на пријателите и фамилијата. Тоа е речиси половина од оние кои рекле дека во предвид го земаат мислењето на инфлуенсерите.

Видео содржината на инфлуенсерите е победник

Што се однесува на улогата на видеозаписите, истражувањата потврдуваат дека тој формат е најефикасен за комуницирање на инфлуенсерите со потрошувачите. Околу 75% од испитаниците изјавиле дека видеозаписот е погоден, порелеевантен, поуверлив и поверодостоен од останатите типови на содржина. А во смисла на продажба, видеото е двапати поефикасно од останатите формати, посебно за категории како што се мода, храна, пијалоци, електроника, здравје и убавина.

“Начинот на кој донесуваме одлуки за купување доживеа огромен исчекор поради интернетот и моќта на социјалните медиуми“ – вели Џесика Торп од gen.video и додава: “Видеото како начин на промоција и инфлуенсер маркетингот се засебно многу силни тактики за огласување, но заедно можат да направат и силно влијание на одлуката за купување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365