Home » Во фокусот » Зошто да трчате не маратон? Оваа одлична реклама од Исланд нуди неколку добри причини

Зошто да трчате не маратон? Оваа одлична реклама од Исланд нуди неколку добри причини

Има моменти во кои креативците воздивнуваат длабоко и се удираат по чело кога ќе видат некое туѓо дело – не бидејќи е лошо, туку бидејќи концептот бил цело време пред нив, а не го виделе. Тоа е реакцијата која многумина може да ја имаат кога ќе ја видат оваа реклама за маратон во Исланд.

Оддавајќи почит на неколку познати холивудски филмски сцени и моменти, рекламниот спот создаден од исландската агенција Brandenburg го промовира Маратонот во Рејкјавик, организиран од банката Islandsbanki, потсетувајќи  не’ дека од трчањето може да има корист во многу неочекувани ситуации.

Спотот “You Better Run” прикажува 13 локации низ земјата и низа на скриени кинематографски референци, оставајќи им на гледачите да ги откријат сите. Некои од филмските класици кои може да се препознаат се North by Northwest, Sleeping Beauty, The Graduate и Goodfellas. Најимпресивно, спотот бил снимен за само два дена.

Но, она што навистина „блеска“ е концептот. Иницијалната искра за создавањето на ова креативно дело бил моментот кога двајца познати исландски актери пристапиле до банката со барање за учество но маратонот, но под услов нивните компензации да бидат донирани за добротворни цели по нивни избор. Знаејќи дека имаат достапен актерски телент од врвна класа, креативниот тим потоа почнал да размислува во насока зошто луѓето трчаат, но во овој случај, зошто актерите трчаат. За поголемиот број од популацијата, трчањето е поради добро здравје, но актерите во филмовите најчесто трчаат за да преживеат, бегајќи од опасности.

Покрај високите продукциски вредности, спотот е пропратен и со песната “Keep On Running” на Стив Винвуд, која му дава совршен ритам. Шеесет секунди можеби не изгледаат како многу време за нешто олку амбициозно, но е извршено исклучително добро, покажувајќи дека една реклама може да биде добра и покрај тоа што е создадена за многу кратко време.

CREDITS:

Client: Islandsbanki
Agency: Brandenburg
Creative Directors: Jón Ari Helgason, Hrafn Gunnarsson
Associate Creative Director: Högni Valur Högnason
Art Director: Dóra Haraldsdóttir
Copywriters: Bragi Valdimar Skúlason, Guðlaugur Aðalsteinsson
Account Executives: Sigríður Theódóra Pétursdóttir, Ragnar Gunnarsson
Production Company: Skot Production – Iceland
Executive Producers: Hlynur Sigurðsson, Inga Lind Karlsdóttir
Producer: Andri Omarsson
D.O.P.: Ottar Gudnason
Editor: Gunnar Pall Olafsson
VFX: Kontrast
Color Correction: Seamus O’Kane, The Mill London
Online: Trickshot
Sound Design: Gunnar Arnason

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365