Home » Digital » Зошто и како да користите “Flipboard“ во вашата content маркетинг стратегија

Зошто и како да користите “Flipboard“ во вашата content маркетинг стратегија

Flipboard e мобилна апликација која вклучува содржини од различни веб страници, базирани на темите кои корисникот ги избрал прикажани во формат на магазин.

Flipboard-icon

Корисниците можат да следат одредени содржини, профили на контент креатори, да се претплатат на магазини или да креираат објави. Најдобро од се е тоа што Flipboard не наплаќа за било каква привилегија.

Уште подобро, Flipboard е алатка која бизнисите бесплатно може да ја користат за дистрибуирање на содржина која сакаат да ја проследат до потрошувачите или клиентите.

Зошто да користите Flipboard за content маркетинг

1. Тоа е платформа за откривање содржини, користена од милиони луѓе
Исто како Pinterest, Flipboard е платформа која луѓето ја користат за да откријат интересни приказни и теми почнувајќи од политика па се до домашни миленици, соларна енергија, работа во дивината – вкупно 34 000.
Откријте приказни кои влијаат на вашиот живот, кариера, и креативни идеи од луѓе кои ја споделуваат својата страст со вас.,” кажува Flipboard опишувајќи ги вредностите и намерите на оваа апликација.

2. Изграден е врз база на интереси
Наместо да се потпираат на социјалните интеракции како на пример facebook — корисниците на Flipboard се поврзани според своите интереси.
Размислете за придобивките од ова од бизнис перспектива. Споделувате содржина која апелира до вашата посакувана публика, која се состои од луѓе кои можат да имаат интерес за вашиот бренд , производи или услуги.

Го цитирам психологот-истражувач Др. Пол Мардсен, “Бизнис можност е кога генерирате вредност (откритија, вистинити искази, препораки) од и за луѓето кои споделуваат заеднички интереси порадо отколку споделување контакти.
Тоа е виртуозниот циклус : Вие обезбедувате потрошувачи со веродостојни, корисни, релевантни содржини , и тие ви го даваат своето внимание за возврат.

3. Претставува маркетинг алатка
Ако не сакате да ги бомбардирате магазинските читатели со промотивни содржини, може лесно да се протнете и “неприметно“ да добиете следбеници.
Добра формула за да ве следат: Во пет текстови информативно ориентирани зголемете ја нивната вредност со тоа што ќе ставите во нив совети, сведоштва од корисници, истражувачки студии, “како да направите“. Споделете ги овие неколку текстови од различни извори и направете мека продажба. Ако објавувате доволно корисна содржина, читателите ќе се заинтересираат и “ќе Ви простат“ и за неколкуте промотивни текстови.

4. Бесплатен е за користење

Исто како Фејсбук, Твитер , Instagram ,LinkedIn – го носи името – Flipboard и не наплаќа за објавување на содржини и списанија.

5. Тоа е уште еден канал преку кој можете да објавите содржина

Размислете. Веќе објавувате содржина на Фејсбук, Твитер,LinkedIn , Instagram , YouTube, и на мноштво други сајтови. Зошто да не го додадете Flipboard на листата, и да стигнете до уште поширока маса луѓе.
6. Тој е исто како да фрлате бензин на оган
Добро познатиот консултат за контент маркетинг Џеј Баер кажа, “Содржината е оган, социјалните медиуми се бензин.” Flipboard е повеќе мрежа за споделување квалитетни содржини отколку социјална мрежа, па фактот дека објавувате информации пред илјадници луѓе кои можат да ги видат, прави уште повеќе да сакате да ги споите огнот и бензинот.
7. Лесно се креира и бара малку време за одржување
Може да додавате приказни со зачестеност која вие ја одредувате, дури и може да направите поврзува со RSS feed-от на вашиот блог со социјалните медиуми за автоматски да се објавуваат содржините и на тие мрежи.

Како да го користите Flipboard за содржински маркетинг

Следете ги овие едноставни чекори и користете го Flipboard за нагласување на вашата маркетиншка содржина.
– Креирајте Flipboard профил
– Симнете ја Flipboard апликацијата на вашиот iOS, Android, или Windows уред. (Исто така може да направите акаунт со пристап до Flipboard.com.)
– Flipboard ќе ве праша за избор на категорија пред да стартувате, која е променлива во секое време. Потоа, следете ги чекорите за да завршите со креирање на профилот. Користете меил адреса, Facebook, Twitter и др.

Креирајте свој магазин
Магазин се вика местото каде ја објавувате содржината. Истиот можете да го креирате преку десктоп и преку мобилен.

Десктоп
Пристапете до Flipboard.com на вашиот десктоп компјутер и кликнете на вашата фотографија лоцирана горе во десниот агол. Flipboard ќе ве пренасочи до вашиот профил каде ќе го видите копчето “Нов Магазин.” Кликнете.

flipbard-new-magazine1

Потоа, се појавува дијалог- прозорец кој ќе побара да внесете наслов и дополнителен опис. Исто така се подесува и приватноста на содржината. Приватна или јавна. Тоа го избирате вие. Се препорачува магазинот да биде приватен додека не обајавите барем неколку содржини. Кликнете на “Креирај“ копчето да генерирате нов магазин.

flipboard-new-magazine2

После тоа ќе се појави уште еден дијалог прозорец кој дава дозвола да поканите други луѓе и да ја споделите содржината со нив. Добивате краток URL линк, за споделувањe, како на емаил така и на Facebook.
(Забелешка: Flipboard не ве обврзува да ја споделите содржината задолжително. Тоа е само опција).
Кликнете “Готово“ за да го комплетирате акаунтот.
За да започнете со собирање содржини, од десктоп на Flipboard.com, изберете со глувчето интерес или категорија потоа кликнете црвено или бело “+” иконата. Така го додава во магазинот.
Спротивно на тоа, може да се создаде едно списание со кликање на иконата ” +”. Во тој случај , ќе видите дијалог прозорец што изгледа вака :Кликнете “Нов Магазин“ и следете ги чекорите.

flipboard-new-magazine3
За мобилен
Flipboard во основа е дизајниран за користење преку мобилен уред, па значи многу лесно може да креирате магазин со користење на вашиот смартфон или таблет.
Внесете ја содржината во вашиот Магазин
Иако може да додадете содржина за било која приказна што ја гледате на Flipboard, наша цел е да ви помогнеме да креирате сопствена содржина меѓу кориците на вашиот магазин.

Користете RSS Feed (ЛИНК)
Трансформирајте го RSS feed-от на вашиот блог во формат кој Flipboard може да го користи. Како и да е, мора да го направите тоа индиректно, со додавање на Twitter листа.
Flipboard “MagMaker” блогот има објаснувања за тоа како објавените содржини функционирата:
-Поврзете го вашиот Twitter акаунт со Flipboard;
-Креирајте или изменете ја вашата листа на Twitter;
-Дадете пристап на Flipboard до вашата Twitter листа;
-Зачувајте ја вашата листа како Flipboard feed;
-Вметнете ги приказните во магазинот.

Користете го сетот алатки кој е во склоп на Flipboard
RSS feed-от не е единствениот начин да пристапите до вашата објавена содржина. Flipboard има група алатки кои вклучуваат соодветен прелистувач (browser bookmarklet), Chrome екстензија, и социјално споделување и копче за следење.
Заклучок
Ако веќе објавувате содржини на социјални мрежи или блогови, нема причина зошто да не додадете Flipboard на вашата листа. Можеби ќе биде посоодветен за претставување на вашата содржина на различна публика,ќе го направи вашиот блог попосетуван, и ќе направи вашиот бизнис да се движи во добра насока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365