Home » Во фокусот » Зошто само еден ден, кога може да биде цела недела-BLACK WEEK во „Божиновски часовници и накит“

Зошто само еден ден, кога може да биде цела недела-BLACK WEEK во „Божиновски часовници и накит“

BLACK WEEK  во „Божиновски часовници и накит“ – 20% попуст на целиот асортиман започнувајќи од понеделник (20.11)

Во духот на кампањата „Победи го времето, живеј го моментот“, Божиновски часовници и накит реши да се обиде да излезе од рамката на Black Friday  и на своите ценети потрошувачи да им овоможи целонеделни поволности на целиот асортиман на своите производи во текот на целата недела. На тој начин клиентите добиваат ексклузивна можност да набават инструменти за броење на убави моменти, со 20%  намалување.

„Сакаме приказната за „Живеј го моментот“ да допре до што поголем број на срца и во тој поглед во континуитет се обидуваме во рамки на нашите можности да ги разбиваме шаблоните кои значат рутина и на тој начин секојдневната битка со времето да ја претвориме во битка за убави моменти, битка за украдено време за ситните задоволства“, велат од Божиновски часовници и накит.

Сите брендовите кои ги застапува „Божиновски часовници и накит“ имаат една заедничка карактеристика, тоа е нивната авангардност. Од бунтовноста на SWATCH, минимализмот на Calvin Klein, па се до професионалноста на Breitling , елегантнцијата на Omega и Longines и иновативноста на TISSOT секој бренд и секој часовник од брендот претставува посебен стил силно изграден врз основа на архитиповите и карактеристиките кои ги поседува секој човек кој животот го живее независно и по сопствено убедување, создавајќи од него уникатна приказна.

Кампањата „Победи го времето – Живеј го моментот“ претставува еден вид на симбиоза на приказните кои од салоните на „Божиновски часовници и накит“ ги раскажува секој часовник поединечно, потсетувајќи не дека времето е тука само за да биде победено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365