Home » Extra 5 » Што значи зделката на AT&T и Time Warner за рекламирањето?

Што значи зделката на AT&T и Time Warner за рекламирањето?

Топ вест изминативе денови беше купувањето на телекомуникацискиот гигант AT&T од САД на една од светски наголемата компанија за ентертејмент и забава, сопственикот на CNN и CNBC – Time Warner.

Нема двоумење дека стекнувањето на сумата од 85.4 милијарди долари на Time Warner ќе влијае врз начинот на кој телевизиската содржина ќе биде дистрибуирана и прифатена. Но и покрај сите сугестии од директорите кои го склучиле договорот,не е толку веројатно дека во блиска иднина драстично ќе влијае врз рекламата.

%d1%98%d1%98%d1%98%d0%b6

Колку се повеќе луѓе ја гледаат содржината преку  различни платформи и уреди, AT & T и Time Warner  веруваат дека можат подобро да се справат  со промените во однесувањето на  публика. Кога зборуваме за рекламирање,верувањето е дека комбинирањето на огромни база  на податоци од телекомуникацискиот гигант и ТВ емисии, вклучувајќи програмски содржини како “Игра на тронови” или ” Фронтално со Саманта Би”, ќе овозможи фокусирање на поголема публика и важноста на  рекламирањето.

Говорејќи на прес конференцијата минатата сабота, извршниот  директор на Time Warner, Jeff Bewkes изјави дека договорот ќе овозможи “повеќе иновации во рекламирањето”, каде што рекламите ќе станат “поефикасни и од интерес за публиката. “Г-дин Bewkes исто така предочи дека луѓето ги обожаваат рекламите се додека им се во нивен интерес. “На наше големо задоволство, може да се изградат вистински диференцирани видео услуги, без разлика станува збор за традиционалната телевизија, OTT или мобилни уреди,” изјави извршниот директор на AT & T Randal Stivenson  во соопштението. “Нашите ТВ, мобилните и широкопојасните дистрибуции  и директни односи со клиентите ќе обезбедат унифицираност од која можеме да ви понудиме подобро рекламирање и подобри содржини . Тоа е интегриран пристап и ние веруваме дека тоа е модел што ќе победи со текот на времето.”

AT & T, која ги доби DirecTV минатата година, веќе користи таргетирани  реклами за одредени домаќинства DirecTV преку AdWorks поделба. Таквото адресибилно рекламирање се очекува да достигне до 13 милиони AT & T домаќинства до крајот на годината.
Tarner смета дека купувањето на Time Warner помага да се развива ТВ-индустрија кога станува збор за таргетирање на  публиката. Со своето портфолио на производи и податоци, им овозможува на маркетинг агенциите да купат инвентар врз основа на специфичните цели на таргетираните  потрошувачи, отколку на традиционалниот Нилсен модел, таргетирање според возраста,полот и демографијата.

Сепак, комбинацијата од двете не се очекува наскоро значајно да го унапреди  таргетираното рекламирање, изјави Brian Wieser, аналитичар. “Мислам дека не постојат многу импликации гледано од страна  на рекламниот простор за продажба на било кој начин. Иако AT & T AdWorks е прилично мал, но можам да замислам дека ќе се обидат да се етаблираат  со слични начини на  рекламирање кои се слични со компании како NBCU / Comcast “Додека стекнувањето на NBC Universal Comcast  во 2013 година и овозможи на компанијата да  понуди  целни реклами за публиката која ги користи производите, придобивките на пазарот на крајот остануваат ограничени, освен ако овие видови на производи се достапни преку разновидни дистрибутери.
Главниот директор за инвестици на Group M, Rino Scanzoni се согласи  дека нема да има многу импликации од рекламирањето во однос на  договорот на краток рок. Понатаму, тој вели дека комбинацијата на двете може да им помогне при емитирањето на видео содржини на AT&T сервисите со Warner Bros  кој е обезбедувач на видео содржини.

Wieser , не очекува да се појаваат големи потешкотии при користењето на базата на  податоци за информирање и на распределбата на буџетот за рекламирање. И продажбата  на дигитални реклами треба да биде во синергија со трошоците. Поставувањето  на сите реклами за  технологијата и рекламите за продажба  на заедничка платформа  би значело одлична стратегија  за понатамошно  намалување на трошоците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365