Home » Во фокусот » Агенцијата Universal Media Скопје (UM) вработува Media Account Manager и Digital Media Manager

Агенцијата Universal Media Скопје (UM) вработува Media Account Manager и Digital Media Manager

Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и меѓународни компании. UM Скопје е дел од I&F McCann групата, која вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа.

За потребите на својот тим во Скопје, агенцијата ги објавува следниве отворени работни позиции:

1. Media Account Manager

Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се

  • Минимум три години работно искуство во медиумска агенција
  • Познавање на софтверите Arianna и MEDIApuls
  • Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
  • Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
  • Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
  • Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
  • Универзитетска диплома
  • Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење
  • Напредни презентациски и преговарачки вештини

Описот на работното место вклучува:

  • Реализација на медиумските стратегии на клиентите
  • Подготовка на извештаи за постигнатите резултати според дефинирани параметри
  • Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
  • Супервизија и помош на медиа планерите при сложени прашања и при подготовка на плановите и следењето на кампањите
  • Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите
  • Водење на тим и супервизија на работењето на членовите на тимот
  • Презентации на клиентите и учество на тендери

2.Digital Media Manager

Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:

  • Минимум две години работно искуство во медиумска агенција
  • Познавање на дигиталните медиуми и трендовите во огласување на дигитални медиуми
  • Познавање на правилата во областа на дигиталното огласување
  • Разбирање на принципот на креирање медиска стратегија и подготовка на анализа која служи како основа за стратегија
  • Искуство со работа на платформите: Google AdWords, Google Analytics и Facebook Ads Manager
  • Пожелно е искуство со работа на ad serving платформи за огласување на локални веб портали (на пр. Gemius)
  • Разбирање и толкување на метриките и резултатите од реализирањето на дигитални кампањи и нивно успешно презентирање во форма на извештај
  • Универзитетска диплома
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel и PowerPoint

Описот на работното место вклучува:

  • Креирање стратегии кои вклучуваат закуп и план за огласување на дигиталните медиуми
  • Надгледување на спроведувањето на стратегијата и управување со буџетот на клиентот за огласување
  • Анализа на постигнатите резултати од стратегијата и нивна презентација на клиентите
  • Градење и поттикнување добри / партнерски односи со клиентите и медиумите
  • Успешно водење на тим
  • Соработка со тимот за нов бизнис преку претставување на агенцијата на потенцијални клиенти и предлагање дополнителни услуги за постоечките клиенти
  • Координација и соработка со други агенции (креативни, BTL…)

На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.

Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 15.12.2017 година, на hr@ifmccann.com.

Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365