Home » Во фокусот » Новата бренд кампања за Samsung Galaxy е микс на опуштена музика и неверојатна технологија која доаѓа

Новата бренд кампања за Samsung Galaxy е микс на опуштена музика и неверојатна технологија која доаѓа

Една евергрин песна ги истакнува сите чуда кои ќе ги овозможи денешниот развој на технологијата во иднина

Песната од 1950-тите, Que Será Será, во изведба на Дорис Деј, е оживена во новата кампања на Самсунг, која гледа во нашата иднина и сета неверојатна технологија што може да дојде.

Заради тоа и спотот е наречен The Future и промовира како карактеристиките на уредите Samsung Galaxy денес ја обликуваат нашата иднина, спојувајќи ги опуштениот тон на песната со напредните иновации на брендот.

Оваа бренд на кампањата ја одбележува 10 годишнина од паметните телефони Galaxy и ќе ги постави темелите за следниот бран на производи.

Кампањата е создадена од страна на агенцијата Leo Burnett, во соработка со агенцијата Human Music, со која испробаа неколку верзии на оваа класична песна, но креативниот инстинкти ги наведе да се одлучат за магичниот шарм на Дорис Деј, во придружба на Франк Де Вол и неговиот оркестар.

Кампањата ќе биде лансирана глобално на 8-ми февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365