Home » Во фокусот » 10-то издание на Викенд Медиа Фестивал од 21-ви до 24-ти Септември

10-то издание на Викенд Медиа Фестивал од 21-ви до 24-ти Септември

Нa панелите ќе се дискутира како Гугл (Google) и Фејсбук (Facebook) влијаат врз рекламниот пазар и како комуникациски се решава кризата во Агрокор (Agrokor) 

Градот Ровињ и неговата стара фабрика за тутун оваа година јубилејно по десетти пат ќе ги здружи љубопитните луѓе желни за нови знаења и искуства во комуникациската индустрија. Од 21.  до 24. Септември во салите на Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) ќе се водат дискусии и ќе се презентираат новите трендови, но пред сè ќе се создаде релаксирана атмосфера за креативно слободно време, по која Ровињскиот фестивал веќе цела деценија се издвојува над сите други слични собири.


Во времето кога почнавме, десеттиот роденден не го ни сонувавме, а ниту пак замислувавме како ќе го одбележиме. Овој јубилеј го доживуваме како почеток на една нова ера, како нова епизода на некоја возбудлива серија која ќе трае уште многу сезони. Не се чувствуваме десет години стари туку десет години покреативни, а се надевам дека ова чувство го делат и сите која оваа година ќе се дружат со нас во Ровињ. ” – изјави Томо Рицов (Tomo Ricov), Директор на Викенд Медиа Фестивалот.

Сите овие десет години, покровител на Викенд Медија Фестивалот (Weekend Media Festivala) е Адрис Групацијата (Adris Grupa), чиј Директор за Корпоративни Комуникации, Предраг Грубиќ (Predrag Grubić), смета дека тајната на успехот е во креативното слободно време, но исто така и во изборот на место и време на одржување на фестивалот.

Кога еден општествен настан или процес може да издржи десет или повеќе години тој се претвора во своевиден културен факт, а културните факти во уредените општества обврзуваат на учење. Не треба да се сомневаме дека и Викенд Медиа Фестивал, после десет години од своето постоење ќе ги поттикне љубопитните на истражување на овој општествен и медиумски феномен, но и на похрабри чекори во медиумската комуникациска индустрија и пошироко.“ – изјави Предраг Грубиќ.

Никола Врдољак

Претставувајќи ги предавачите и панелистите на десеттиот Викенд Медиа Фестивал, Директорот за програма, Никола Врдољак (Nikola Vrdoljak) истакна: „Со изборот на предавачи и теми оваа година сакаме да испратиме порака дека во светот постојат примери на кои можеме и треба да се угледаме. Секогаш се трудевме, а верувам дека и во голем дел успевавме, да информираме за новите трендови, поттикнавме соработка меѓу креативците, но и во целото општество. И оваа година отвораме теми со многу релевантни соговорници, кои се од голема важност како за комуникациската индустрија, така и за сите останати учесници на пазарот“.

Еден од панелите е посветен на феноменот на креативното слободно време и примена на тој концепт на Викенд Медиа Фестивалот, додека другите панели ќе се занимаваат со сè поизразениот тренд на повлекување на американската продукција од телевизиската програма на “on demand” телевизијата. Сè поголемото влијание на Гугл (Google) и Фејсбук (Facebook) на глобалниот пазар на огласувањето исто така ќе биде предмет на панел дискусиите, како и иднината на транспортот и влијанието на новите дигитални платформи како Убер (Uber). Интересна ќе биде и дискусијата за состојбата за слободата на медиумите во Регионот, влијанието на политиката и бизнисот, на кои добро ќе се надоврзе панелот за комуникацискиот аспект на Агрокор (Agrokor).

Дел од програмата на јубилејниот Викенд Медиа Фестивал ќе биде посветен на нордиските земји кои по многу нешта се сметаат за пример за развој на нови технологии, но и за регионална соработка. Основата на таа соработка е поставена уште во 1952, кога е основано Нордиското Собрание, кое во Ровињ ќе ни го претстави неговата Раководителка за Комуникации – Мери Гестрин (Mary Gestrin). Најголемиот музички настан на северот на Европа, Роскилд Фестивалот (Roskilde Festival), ќе го престават Денис Киркебек (Dennis Kirkebæk) и Мартин Хјорт Фредериксен (Martin Hjorth Frederiksen) со богати видео и фото материјали, статистика и интересни податоци.

Петра Теман (Petra Theman), Директорката на Јавната Дипломатија во финското Министерство за Надворешни Работи, ќе презентира многу успешен комуникациски проект на првиот збир на службени емотикони на една држава. Они Еиког (Onny Eikhaug) од Норвешкиот Центар за Дизајн и Архитектура, заедно со Џејмијем Брукером (Jamiejem Brookerom), основачот на  Норвешкиот старт-ап Кахут! (Kahoot!), ќе прикаже како Кахут! го искористи инклузивниот дизајн заради подобрување на образованието, а посетителите на нивното предавање ќе можат да изиграат по некоја Кахут! игричка.

Кога ќе поставите селфи на Фејсбук (Facebook) во Берлин или напишете пост во Загреб, многу веројатно ќе завршат во градот Луле на северот во Шведска, каде се наоѓа центарот за податоци на Фејсбук (Facebook) надвор од САД. Андрес Гренберг (Anders Granberg), Директор на Локалната Регионална Агенција Нод  Пол (Node Pole), ќе ги објасни причините зошто Фејсбук (Facebook) го избрал токму северот во Шведска и зошто тој Регион сега се вика Нод Пол (Node Pole). Томас Рејмекерс (Thomas Raeymaekers), Спортски Директор и Амбасадор на Јуниорскиот Момчешки Тим Ново Нордиск (Team Novo Nordisk) ќе открие како може да се биде врвен спортист и со дијабетес. На Томас на 17 години му бил дијагностициран дијабетес тип 1, но тоа не го спречило да го оствари својот сон и да заврши на професионалната трка Тур оф Туркеи (Tour of Turkey).

Во рамки на Викенд Медиа Фестивалот повторно ќе се одржи Регионална ревија БалКан (BalCannes) и доделувањето на наградата СоМо Борац (SoMo Borac). На овогодинешниот БалКан (BalCannes)  кој се одржува шести пат, најдобрите 25 проекти од регионот ќе ги бира најголемото жири досега. Ќе се состои од 25 претставници на клиенти, агенции и новинари кои ја следат индустријата, па од тука ќе биде интересно да се види како размислува и заеднички работи жири составено од стручни лица од различни области. Пријавите на трудови за БалКан (BalCannes) е отворена за сите заинтересирани агенции сè до 1. Септември. Дигиталната наградна страница и СоМо Ап (SoMo App) во која се наградува најдобрата мобилна апликација. Проширено е и регионалното жири, а новина е дека пријавата се наплаќа. Повеќе информации може да дознаете на веб страната: www.somoborac.com.

Музичката програма од секогаш е еден од најсилните адути на Викенд Медиа Фестивалот, а оваа година околу 4500 учесници на фестивалот ќе може да очекуваат изненадувања прилагодени на големиот јубилеј. Пријавите за 10-от Викенд Медиа Фестивал се во полн ек, а бројот на местата е ограничен. Повеќе информации на: http://2017.weekendmediafestival.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365