66 издание на најголемиот и највлијателен фестивал на креативност во светот, Cannes Lions 2019, ќе се одржи од 17 јуни до 21 јуни оваа година. Како и секоја година, организаторите на Cannes Lions сакаат да ги понудат најактуелните и најважните сознанија и да ги покријат темите кои навистина ќе ја допират целата индустрија.
Оваа година разговараа со повеќе од 900 водечки експерти од индустријата кои ги споделија своите грижи, согледувања, размислувања и визии за иднината на креативните маркетинг комуникации, за да помогнат во креирањето на клучните теми за фестивалот.
Потпирајќи се на овие сознанија, ова ќе бидат главните теми на овогодинешниот фестивал:
- Брендови во културата
Новата норма е да се одржи релевантноста и емоционалната поврзаност во реалноста во која веќе “фатен” потрошувач повеќе не постои. Наместо тоа, брендовите мора да создадат убедлива содржина во која луѓето доброволно ќе учествуваат и автентично ќе се вклучат во популарната култура. Лидерите од индустријата ќе разговараат за допирните точки во важни моменти или настани во културата и ќе иницираат важни дискусии.
- Како можат брендовите да се вклучат во општествените и културни дискусии и да поттикнат активно учество на потрошувачите?
- Што можеме да научиме од брендовите кои наоѓаат креативни начини да стигнат до генерација која ги блокира рекламите?
- Како можеме да креираме агилни и паметни тимови кои можат да произведат содржина со брзина на културата?
- Нов пристап кон сторителинг
Сторителинг (раскажување): без сомнение, тоа е збор кој е премногу користен, но тоа е темелот на кој се гради индустријата и има моќ да ги менува животите. Како и секогаш, на фестивалот во Cannes Lions, говорници од светска класа, кои пишуваат и раскажуваат приказни на цела низа платформа, ќе споделат со учесниците како ја тераат публиката на смеа или плачење.
- Како можеме да ги искористиме новите иновативни платформи кои обезбедуваат поголемо нурнување од кога и да е порано за да ги испорачаме традиционалните приказни?
- Кои големи, храбри приказни биле успешни на сите канали?
- Што можеме да научиме од уметниците, креативците, писателите, музичарите и режисерите кои креираат дела кои остануваат во нашата меморија?
- Докажување на вредноста на креативноста
Во светот на big data и привлечни технологии, фестивалот ќе открие зошто “големите идеи” сеуште се важни и дали ефикасноста е еднаква на ефективноста.
- Дали сегашната опсесија со ефикасен маркетинг всушност е еквивалент на “надрилековите” и каков ефект има врз креативните кампањи?
- Краткорочни активации на брендовите наспроти долгорочно градење на брендовите: како да се направи што поголемо влијание со помал буџет?
- Како креативноста може да поттикне вистинска конкурентна предност и што прават најкреативните организации на светот за да изградат верба во вредноста на креативноста?
- Прифаќање на инклузивност, еднаквост и разновидност
Учесниците ќе слушнат оригинални и веродостојни перспективи од шампионите на разновидноста за тоа како да создадат инклузивна работна средина во која креативноста може да напредува. Во разговорите кои ќе ги променат работите, предавачите ќе ги истакнат новите стандарди за работата на брендовите кои промовираат разновидност и инклузивност и кои истражуваат пошироки бенефиции за културата и општеството (и брендовите).
- Како изгледа вистински инклузивен креативен и менаџерски тим и какво влијание има тоа врз креативноста?
- До кој степен несвесните предрасуди нè ограничуваат и дали агенциите се инхерентно расистички, хомофобични, сексистички и дискриминаторски кон постарите?
- Што прават најкреативните компании денес за да се спротивстават на стеротипите и колку предност постигнале во однос на конкурентноста, иновациите и приходите?
- Подготовка на креативни организации за иднината
Фестивалот ќе ги истражи длабоките структурни промени и културни случувања во брендираната комуникациска средина – во агенциите и брендовите. Традиционалните агенции мора да се прилагодат или ќе изумрат, а постојните брендови мора да ја преиспитаат нивната целокупна бизнис и маркетинг стратегија за да се соочат со иновативните D2C предизвици.
- Како можеме да изградиме извонредни креативни способности, без оглед на нашите деловни простории? И каде ќе се наоѓаат најдобрите таленти за две, пет или десет години?
- Побрзо, подобро, поефтино: во време на неизмерлива брзина и ефикасност, можеме ли навистина да ги имаме сите три?
- Дали креативноста, светиот ресурс на агенциите, ќе биде пренесена in-house и дали на крајот ќе пропадне?
- Победа во дигиталната економија
Студии на случај на некои од најголемите светски брендови ќе покажат како да се задржи релевантноста на купувачите во светот на мобилните уреди, во кој доминира Амазон и во кој се управува со глас. Предавачите ќе опишат како брендовите можат да преживеат и да напредуваат во ерата на бескрајни дигитални дисрупции, каде што се очекуваат високо персонализирана комуникација и беспрекорно искуство со клиентите.
- Како изгледа добра дигитална трансформација и како може практично да го развивате вашиот бизнис за да го навигирате низ постојана дисрупција?
- Како можеме да користиме податоци за да ги предвидиме потребите на купувачите во рамките на малопродажното и/или офлајн опкружување и да им обезбедиме богато искуство со помош на нови алатки (препознавање на лице, глас, четботови) кои ни се достапни?
- Можеме ли да креираме директни правци кон потрошувачите во оваа нова економија, управувана од алгоритми? Кој го прави тоа добро и што можеме да научиме од нив?
- Креативна стратегија и како да се допре до потрошувачите кои сакаат да ве избегнат
Постигнување разбирање за идеите кои стојат зад оние “вистински” идеи. Учесниците ќе имаат можност да слушнат од стратези, психолози, футуристи и бихевиорални економисти уникатни сознанија за трендовите и однесувањето на потрошувачите. Тие ќе споделат созанија кои ќе го променат начинот на кој размислуваме за таргетирање, персонализација и досег.
- Каде податоците и аналитиката можат да ги информираат кампањите и да доведат до вистински откритија?
- Како можеме да направиме позначаен пристап кон креативноста што може да ги реши пошироките проблеми и предизвиците на брендот?
- Кои се одличните идеи и стратегии зад некои од најефективните креативни дела во светот?
- Нови правила за целта на брендот
Учесниците ќе ги слушаат водечките мислители за тоа како да го стимулираат целисхосното присуство на брендот и ќе видат некои од неверојатни дела кои инспирираат позитивни акции и промени во светот на целосна неизвесностт.
- Во поларизираното општество, дали бренд-активизмот има своја улога и како можеме да го направиме овој активизам автентичен и значаен – без негативни последици?
- Колку е важна целта на брендот за милениумците и идните генерации и како да градиме брендови кои се инхерентно засновани на етички принципи?
- Дали се фокусираме премногу за целите на добар, креативен маркетинг кој носи продажба?
- Креирање извонредни искуства за потрошувачите
Учесниците ќе се нурнат на начините на создавање на конзистентност на сите допирни точки и обезбедување на богато потрошувачко патување во “јас” добата. Корисничкото искуство се чини како лек, но може да значи различни работи за различни луѓе. Во суштина, станува збор за практични и тактички начини за привлекување на лојалност и задоволство на корисниците во секоја точка во која тие комуницираат со брендот.
- Од испраќање пораки на кампањите преку дигитални платформи, до активации во самите продавници – како можеме да создадеме уникатни искуства, па нема разлика помеѓу местото каде што едно патување завршува, а друго почнува?
- Какви можност имаат новите технологии како што е гласовното пребарување и 5G за иднината на корисничкото искуство и како можеме да ги искористиме на најдобар можен начин?
- Сè се врти околу егзекуцијата: како можеме да ги претвориме прекрасните идеи во феноменални искуства?
- Доверба, етика и транспарентност
Ова е прашање кое се однесува на целата индустрија. Треба да вложиме многу напор за да ја вратиме довербата, која во последно време претрпе сериозни удари. Мора да го поправиме системот за да создадеме долготрајни и транспарентни односи. Како што каналите за комуникација, платформите и содржините продолжуваат да се шират, предавачите на фестивалот ќе разговараат за тоа како одговорно да ги анимираат потрошувачите и да започнат значајна размена на вредности.
- Што можеме да научиме од новите предизвикувачки брендови чиј цел етос – од материјали, развој на производи, синџир на снабдување и рекламирање – е поставен врз основа на одржливост?
- Персонализација во време на приватноста на податоците … како можеме да останеме релевантни, но не да го бомбардираме целиот свет?
- Еволуцијата на светот на инфлуенсерите: дали јавноста ќе продолжи да им верува на инфлуенсерите по неодамнешните критики и какви последици ќе има тоа?
Извор: Cannes Lions