Home » Во фокусот » 10 македонски проекти во конкуренција за Голден Драм наградите за 2016

10 македонски проекти во конкуренција за Голден Драм наградите за 2016

Во рамките на 23-иот меѓународен фестивал на креативноста „Голден Драм“, кој ќе се одржи од 18 до 21 октомври 2016 година во Љубљана, Словенија, пријавени се дури 1047 проекти од 26 земји во различна конкуренција, меѓу кои и 10 проекти кои доаѓаат од Македонија. Покрај тоа оваа година во Оф Драм конкуренцијата пријавени се 168 млади креативци за наградата Љубљана постер, што покажува дека Голден Драм станува се повеќе и повеќе атрактивна дестинација за младите креативци.

23-golden-drum-za-nagrade-na-festivalu-golden-drum-takmicit-ce-se-1215-radova-iz-cak-26-drzava-740x525

Лучка Пељхан, директорот на конкурсот Голден Драм, е возбуден околу годинешната конкуренција  за која истакна: “Ние сме навистина возбудени што гледаме толку важен и значаен пораст од независни агенции, вклучувајќи ги оваа година, со значаен раст и учесниците од Јадранскиот регионот, што претставува значаен показател дека постои креативен потенцијал и локална инспирација, кои претендираат да бидат препознаени од страна на светската елита во светот.“

Оф Драм натпреварот на Љубљана Постер Наградата доби 168 учесници што е речиси два пати повеќе во однос на претходната година, додека ученисците кои се пријавиле од регионот и се натпреваруваат за наградата Адриатик Голден Драм пораснале за 46% ( споредено со ланската година) односно со 140 пријави.

27 различни агенциски мрежи се пријавиле на натпреватор Голден Драм (лани 25), додека значителен пораст е направен во однос на независните агенции (442 пријавени минатата година, а оваа за 46 повеќе од лани).

Од 26 натпреварувачки земји оваа година, Турција е со најголем број на пријави и покрај турбулентните настани низ кои нивната земја поминува (158). Многу блиску до нив следи Русија (147) чија што бројка на пријави достигна значаен пораст во однос на претходната година. Најголем пораст во однос на пријавите се забележани во Хрватска и Грузија. После неколку години Босна и Херцеговина и Косово се годинешните нови земји кои земаат учество.

На 23-иот Голден Драм во натпреврувачката програма се претставија голем број на иноватори.  Во категоријата за Најдобра кампања најголем број на пријавени имаме во групите Односи со јавност (73), Активација на кампањи во два или повеќе канали (64) и Брендирана содржина (60), додека во категоријата најдобро решение водечка група се печатените медиуми (147), по нив следи групата Филм (146) и Надворешно огласување (132).

Оваа година е воведена и нова група „Најдобра локална кампања“ која е една од најзначајните новитети имплементирани и дизајнирани за да се инкорпорираат во креативниот дух на регионот од каде потекнуваат. Па така 42 креативни решенија базирани на локалниот дух ќе се натпреваруваат за наградата “Најдобра локална кампања”.

Оваа година пријавените ќе бидат оценувани од двајца судии кои се дел од 22 топ интернационални познати експерти од креативната индустрија. Грахам Ланг, Главен креативен Директор, Y&R Advertising, Јужна Африка и Африка, е претседател на жири за Најдобро решение и Едуардо Маркез, Извршен Креативен Директор на 180LA, Калифорнија кој е претседател на жирито за Најдобра кампања. Пријавените на Оф Драм натпеварот ќе бидат оценувани од страна на специјално петчлено жири предводено од Џејсон Ромејко, Глобален извршен креативен директор на Serviceplan Group, Австрија.

Повеќе за Голден Драм на: www.goldendrum.com.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365