Home » Во фокусот » 10 начини со кои ќе ги мотивирате потрошувачите да го промовираат Вашиот бренд

10 начини со кои ќе ги мотивирате потрошувачите да го промовираат Вашиот бренд

Сведоци сме на време кога се случува сериозна експанзија на старт-ап културите каде секојденвно се појавуваат стотици нови старт-апи насекаде низ светот. Сепак, не секој старт-ап дошол до врвот на успехот. Секој ден, се формираат нови идеи и се лансираат нови компании, а сепак  90% од стартапите не успеваат.

Но, тоа апсолутно не значи дека како основач на старт-ап нема да бидете во оние 10% кои ќе успеат.

За да се постигне напредок и раст во бизнисот, одредени принципи се издвојуваат како суштински и имаат значење за траен раст во една компанија. Задржувањето на клиентите, успешно привлекување на нови и влијание врз вкупната вредност, како и лојалност кон брендот се едни од најважните елементи што доведуваат до повисоки стапки на клиентите, т.е нивно задржување. Стекнување на клиенти секако е важно, но уште поважно е истите да се задржат.

Со вас споделуваме 10 начини како да направите вашите клиенти да се залагаат повеќе околу промоција на вашиот бренд:

knowstartup-brand-loyalty

1. Идентификувајте ги вашите клиенти

Проучете го вашиот производ добро и според пазарот одредете ја вистинската целна публика на која ќе продавате. Клиентите не стануваат поборници без причина. Тие треба да се идентификуваат, да чувствуваат и да се поврзат со вашиот бренд. Што и да направите, без разлика колку тешко се залагате – не е можно да го вклучите секој клиент како ваш застапник или лице кое се залага за вашиот успех.
Некои корисници ќе станат редовни потрошувачи, некои ќе купат еднаш и повеќе нема да имаат интерес. А мал дел од нив, може да има потенцијал да се залагаат за вашиот бренд . Значи, тоа е многу важно. Да најдете такви клиенти кои се залагаат и фокусирајте се на одредена стратегија која ќе стане јамка за откривање повеќе такви клиенти.

2. Направете вашиот бренд да се разликува од другите

Без разлика дали сте поединец или бренд, многу е важно да се разликувате од другите. Само кога се разликувате добивате подобра и поголема вредност на вашите производи, а со тоа ќе бидат и клиентите повеќе привлечени кон вашиот бренд. Дајте им на вашите клиенти спротивни производ / услуга, за разлика од онаа која тие се навикнале да ја користат, за да им го насочите вниманието кон вашиот производ, а со тоа и да ја зголемете веројатноста дека тие длабоко ќе се поврзат и усогласат со вашиот бренд.
Искористете ги предностите остро да се разликувате со вашиот бренд од другите конкуренти “- не мора да станете непријатели туку просечното искуство на клиентите направете го драматично и различно.

3. Градење лојалност со клиентите

Постојат неколку фази околу оваа иницијатива, За да добиете лојалност нештата треба да бидат под контрола. Тоа значи, да им дадете на корисниците големо искуство, да ги задржите и враќате кон вас со тоа што ќе бидете конзистентни, и ќе ги споделувате заедно со нив напорите за успешност на брендот.
Обидете се да се ставите на место како да треба да користите програма за лојалност. Ако се повторува дека бизнисот ќе заработи и на клиентите ќе се додели бонус или награда, тоа дава смисла тој да се врати на истата компанија, наместо да премине кај конкурентот.

4. Привлечете го вниманието на индивидуалци

Ако навистина сакате лојален клиент кој се залага за вашиот бренд, многу важно да му дадете можност за стекнување “посебно“ искуство што ќе се издвојува. Тоа значи да се посветите и на одредени индивидуалци да им го привлечете вниманието со тоа што ќе направите нешто незаборавно, уникатно за брендот кое ќе остави силни импресии на одредени членови од вашата заедница.
На пример, излезете им во пресрет во текот на особено тешки или единствени случаи, направете им некаква услуга на клиентите, или појавете се на конкретни социјални медиуми каде ќе ги спомнете вашите следбеници и преку промотивни материјали ќе ја покажете Вашата благодарност кон нив. Тие луѓе ќе ве паметат.

5. Нека биде едноставно

Вашата лојална програма гледајте да биде што е можно поедноставна и подостапна. Идеално е ако директно нудите поени (изразени во пари) за реализација на некаква активност или купување на производ. Оваа функционира добро во маркетите каде клиентите прават чести набавки на производи со различна вредност. Оттука, заедно со обезбедување на лојалност програма која треба да е едноставна, тие ќе станат ваши трајни клиенти.

6. Направете своја сопствена заедница

Човекот е социјално суштество кое се чувствува одлично ако биде дел од една таква заедница. Убаво е кога корисниците на вашиот веб-сајт или апликација, имаат одреден степен на лични инвестиции. Тоа помага да се создаде една општествена група, а со тоа и подобро поврзување помеѓу брендот и на клиентите.

7. Наплатете за посебни услуги

Ова може да звучи конфузно, но тоа е вистина. Да го земеме за пример случајот на Amazon Prime. Корисниците плаќаат надомест во замена за специјални привилегии – тие уживаат во користење на услугата на “бесплатна” супер-брза испорака, додека Амазон има повторно корист бидејќи ја зголемува лојалноста на клиентите. Ова помага да се изгради подобра слика за брендот.

8. Инкорпорирајте повратни информации

Повратните информации се случува да помогнат на вашата компанија на сите три нивоа на бренд врските. Соберете ги и навистина слушнете ги повратните информации за вашиот бренд, производи и услуги. Направете истражување за предлозите и идеите кои вреди да ги имплементирате.
Ова покажува дека можете да ги слушате вашите клиенти, кои за возврат ги инспирирате за поголема доследност.
Можете дури и да направите листа со луѓето кои дале корисни предлози и повратни информации, да ги повикате за да направите да се чувствуваат како да се дел од вашата бренд заедница.

9. Понудете референтна програма

Ваквите програми може да помогнат на вашиот бренд на два начина:

– Да стекнете нови клиенти
– Да ги претворите вашите постоечки клиенти во лица кои се залагаат за вашиот бренд

Понудете им на вашите постоечки клиенти некаков поттик за испраќање на нов клиент и поттикнете ги да зборуваат позитивно за вас на нивните пријатели и семејство. Ваквите клиенти се многу вредни за вас.

10. Изненадете ги вашите клиенти

Бренд лојалноста значи и задоволни клиенти. Еден од најефикасните начини за да ги направите вашите клиенти среќни и да се залагаат за вас е да ги изненадите. Дајте им на вашите клиенти (убаво) изненадување за тие да зборуваат за тоа изненадување и, уште поважно, ќе кажат од кого е. Некои од изненадувањата што може да ги понудите се:

Надградете го пакетот кој веќе го користат, бесплатно
Пратете им картичка за благодарност
Пратете им подарок

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365