Home » Во фокусот » 10 најлоши реклами за 2015 година

10 најлоши реклами за 2015 година

Ова се најлошите реклами за 2015 година во изборот на реномираниот британски адвертајзинг магазин Campaign.

1.Protein World ‘Are you beach body ready?’ од Protein World

ProteinWorld-1

Дали вашето тело е вредно за бикини? Помалку или повеќе, тоа е она што Protein World ги праша потрошувачите порано годинава, охрабрувајќи ги да се стремат кон перфектно тело наместо кон перфектна исхрана. Во истата година кога Sport England брилијантно стави обични жени како вежбаат во центарот на својата кампања, Protein World се одлучија да го возвишуваат телото кое самo мајсторите на Фотошоп може да го имаат. Компанијата несомнено го постигна она што сакаше со подигнувањето на свесноста за брендот, но се обележа себе си дека нема опшествена совест и грижа за своите потрошувачи. Кој беше тој што рече дека секој публицитет е добар поблицитет?

2. Hyundai – ‘You couldn’t live without this, girl’ од Red Bee Media

Сега знаеме како карактерот на  Малколм МекДовел се чувствувал откако бил присилен да гледа насилни сцени како дел од неговата терапија во A Clockwork Orange. Лошата глума и очајните несмешните шеги ги прават овие 5 минути долги, како што Кели Брук и Том Стортон глумат пар кој се расправа за време на купувањето на нов Hyundai. Преправањето на Брук како си пука во глава и предлогот дека багажникот е доволно голем за трупот Стортон даваат една неочекувана димензија на случувањата.

3. Lil-Lets – ‘TOWIE’ од Leagas Delaney

Реклама во која Ферн МекКен и Лидија Брајт од The Only Way is Essex зборуваат во тоалетна кабина во ноќен клуб за тампон. Со реплики како “It’s a grower, not a shower” и “This is nice and girthy, babes”,  таа е микс од лошо глумење и уште полоши импликации. Извинете не’ што не го посетивме SmartFit.com за да откриеме како продолжува приказната.

4.Johnnie Walker – ‘The gentleman’s wager: II’ од Jake Scott

Какво разочарување. Петнаесетина минути долгото продолжение на “The gentleman’s wager” е еден куп Јуд Ло, но ни тој неможе да го спаси ова лошо сценарио. Тоа е прилично досадно, а анимираниот дел во средината е тотално несоодветно како шише виски во градинка. Сигурно би било подобро за сите вклучени да останеле на првиот дел.

5. Tesco‘Christmas ad series’ од Bartle Bogle Hegarty

Уште повеќе познати лица – се јавува некаква тематика тука. Спотовите од главната кампања беа доволно лоши, но Bartle Bogle Hegarty успеа да го спушти стандардот уште повеќе со овие Божиќни реклами. Повторно имаме расправија во која Рут Џонс и Бен Милер не успеваат да го смират нивниот палав син.

6. McCoy’s – ‘Go bold’ од BMB

Еден крупен човек има несреќна ситуација на бензинска станица откако ги заклучува своите очи на пакување McCoy, предивикувајќи страв кај другите купувачи со неговата изведба на Ghost од Ела Хендерсон. Рекламата ги поттикнува луѓето да “одат храбро” и да ги отфрлат традиционалните погледи за мажественоста, но остануваме неубедени дека ужасното гласно пеење и еднакво лошото танцување во јавност е начинот да се направи тоа.

7. Airbnb – ‘Is mankind?’ од TBWA\Chiat\Day

Airbnb малку претера во оваа кампања.  Сајтот за изнајмување на сместување сакаше да создаде дебата за добрата волја меѓу луѓето, но на крај излзезе претенциозно. Нарацијата ги поттикнува луѓето да откријат дали тие се добри како што едно бебе чекори кон една врата. Зошто? Епа: Airbnb верува дека им помага на луѓето да се чувствуваат добредојдени насекаде во светот поради “човечката добрина која постои во нашата заедница”. Спотот ја губи својата поента бидејќи не успева ни да објасни што всушност работи компанијата.

8. Etihad Airways ‘Flying reimagined’ од M&C Saatchi

Уште една претенциозна реклама – и проклетството на познатите личност удри пак. Овој пат во прашање е Никол Кидман која треба да прикаже колку се неверојатни Etihad Airlines – очигледно, авио превозникот “не напредува во она што е досега направено, туку тотално го реобмислува”. Додајте ја ќесата за отпад!

9. Diet Coke ‘Regret nothing’ одBETC London

Не е јасно што каењето има врска со пиењето на Diet Coke (можеби кога има додадено малку вотка), ушто помалце зошто лименка би охрабрила некоја жена да следи некој маж до друга земја. Лошата синхронизација на усните на крајот само придонесува кон збунетоста.

10. Conservative Party – ‘Road to recovery’ од The Conservative Party

ConservativeParty_2

Конзервативците во Британија направија школска грешка со тоа што прикажаа германски пат на својот постер од кампањата за парламентарните избори 2015. Тешко е да се одлучите да гласате зе некој кој треба да е задолжен за правилно донесување на крупни одлуки кога неможат да ги погодат ни малите (освем ако не беше намерен знак да се покаже ‘посилната економија’ на Германија). Не е ни чудо што ‘Ториевците’ подоцна во кампањата се обратија кон долгогодишните партнери M&C Saatchi.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365