Постојат многу славни светски брендови кои својот живот го започнале како производи за војската.
Некои брендови гордо ја прикажуваат својата историја во своите логоа, веб сајтови и маркетинг, додека други повеќе би сакале да ги остават своите почетоци во историските книги. Изненадувачки голем број на брендови го започнале својот живот како средства за војска или создале производи кои ги направиле славни за време на вооружаните судири.
Следи листа на 16 такви брендови кои ги објави Business Insider:
1.Оригиналните Jeep теренци започнале со производство во 1941 година, наменски изработени за војската. Willys MB Jeep така стана најчесто користено возило со погон на четири тркала во американската војска во текот на Втората светска војна.
2.Компанијата Mars го измисли рецептот за M&M бонбоните за време на Шпанската граѓанска војна, кога Forrest Mars Sr. ги видел војниците како јадат парчиња чоколадо покриени со слој на тврди бонбони, кои спечувале чоколадото да се стопи на сонце. Бил во посета на воените линии со еден од членовите на фамилијата Rowntree, која подоцна ќе започне со производство на Smarties, чоколада слични на M&M кои се продаваат надвор од САД.
3.Vodafone го започна својот живот во 1980 година како огранок на компанијата Racal Electronics, најголем Британски производител на воена радио технологија во тоа време. Racal исто така била трета во големина електронска компанија во Велика Британија.
4.Компанијата Aquascutum е основана во 1851 година. Британските офицери ги носеле нејзините водоотпорни сиви мантили за време на Кримската војна, како би се заштитиле од дожд и кал во руските ровови. (името на брендот е изведено од латинскиот збор „aqua“, што значи вода, и „scutum“ што може да се преведе како штит).
5.На листата се и можеби најпрепознатливите очила на светот Ray-Ban Aviator. Bausch & Lomb го дизајнирале овај стил откако еден генерал-полковник на американската авијација ги запрашал дали можат да направат очила кои би го намалиле чувството на мачнина и главоболка кај пилотите на големи висини. Оригиналниот прототип е направен во 1936 година и имал зелени леќи, кои служеле за блокирање на отсјајот без ограничување на видот на пилотот.
6.Kotex санитарните влошки всушност почнаа како медицинска газа за војниците во текот на Првата светска војна. Воените медицински сестри потоа ги адаптирале овие производи за менструални потреби. Во 1920 година Kotex влошките станаа првиот производ за широка потрошувачка на компанијата Kimberly-Clark.
7.Супер лепакот е за прв пат откриен во 1942 година кога тимот на научници кој истражувал материјали за јасен пластичен нишан за пушки за војна, наишле на материјал кој се лепел на секоја површина со која би дошла во допир. Американските истражувачи го отфрлиле цијаноакрилатот (хемискиот назив за ова лепило) бидејќи бил премногу леплив. Но во 1951 година материјалот повторно бил откриен од истражувачите од компанијата Eastman Kodak. Супер лепакот започнал да се продава како комерцијален производ во 1958 година.
8.Victorinox настана во 1864 година од работилницата за острење на ножеви Ibach-Schqyz, во Швајцарија. Основачот Karl Elsener I стана првиот голем доставувач на воени ножеви за швајцарската војска.
9.Silly Putty пластелинот бил случајно откритие. Бил откриен во 1940 од страна на инженерот кој се обидувал да создаде синтетичка гума. За време на Втората светска војна, гумата е ограничена во САД, а владата ја повикала компанијата да пронајде алтернатива за да се помогне во военото време. Практична примена за оваа смеса никогаш не е пронајдена, но откако еден трговец ставил пластелин во мало пластично јајце и почнал да го продава за 1 USD, настанала светски познатата играчка.
10.Hugo Boss бил член на Нацистичката партија, а во 1928 година станал официјален снабдувач на униформи за организаците во рамките на Националната Социјалистичка партија, меѓу кои биле Хитлерова младина, Sturmabteilung (паравоена) и SS.
11.Fanta е измислена заради трговското ембарго за увоз на Coca-Cola сирупот во нацистичка Германија во текот на Втората светска војна. Тогашниот директор на Coca-Cola Германија, одлучил да направи нов пијалак направен од состојки кои се достапни во државата во тоа време. Резултатот бил Fanta, чиешто име доаѓа од германските збор „Fantasie“.Coca-Cola повторно ја лансираше Fantа ширум светот во 1955 година.
12.Компанијата Banana Republic е основана од стана на сопружниците Mel и Patricia Ziegler во 1978 година, кои почнале така што им ја менувале намената и продавале стари вишоци на воени и сафари облека. Подоцна ја прошириле понудата и со сопствена линија и во 1983 година ги откупи Gap.
13.Porsche ја креира Volkswagen Bubа откако Adolf Hitler побара издржливо и ефтино возило за масовно производство за новоизградената патна инфраструктура во Германија. Првата Buba е направена во 1938 година.
14.Motorola почнала како производител за батерии, Galvin Manufacturing Corporation. Но во 1940 година развиле Handie-Talkie SCR536 преносно двосмерно радио, кое станало симбол на Втората светска војна.
15.Основачите на компаниите Adidas и Puma биле двајцата браќа, Adi и Rudolf Dassler, кои биле парнери во Dassler Brothers Sport Shoe Company во 1920 тите. Меќутоа меѓу нив се развило жестоко ривалство, па во текот на едно бомбардирање во Втората светска војна, двајцата побарале засолниште со сопругите во една скривница. Наводно Adi приоѓајќи кон бункерот, во кој Rudi веќе се наоѓал со својата сопруга, изјавил „Проклетниците се вратија“, мислејќи на бомбардерите. Rudi сфатил дека навредата се однесувал на него, а тоа резултирало со распад на компанијата во 1945 година. Adi после тоа ја нарекува својата компанија Adidas, a Rudi својата Puma.
16.Селотејп (Duct Tape) за прв пат беше креиран од страна на компанијата Johnson & Johnson за време на Втората светска воја, кога на војниците им требало јако, флексибилно и водоотпорно лепило за поправка на машинеријата, опремата и муницијата. Тој бил наречен „Duck Tape“ од страна на војниците.