Home » Во фокусот » 24 Golden Drum: системот за пријавување на кампањите е официјално отворен

24 Golden Drum: системот за пријавување на кампањите е официјално отворен

24 меѓународен фестивал на креативноста Golden Drum оваа година ќе се одржи во Љубљана, во хотелот Grand Union, од 18 до 20 oктомври 2017 година. Фестивалските денови ќе се одвиваат под слоганот – Остави свој белег!

Пријавите за натпреварувањето на 24 Golden Drum се официјално отворени и ќе траат се до 31 јули 2017 година.

Пријавените кампањи ќе ги оценуваат две жири комисии составени од 11 члена кои се исклучителни професионалци од креативната индустрија. Со натпреварувачката секција – Најдобра кампања, ќе претседава Bruno Bertelli, глобален главен креативен директор на Publicis Worldwide, а претседател на натпреварувачката секција – Најдобра пракса, ќе биде глобалниот извршен креативен директор и претседател на глобалниот креативен управувачки совет на McCann, John Mescall.

Натпреварувањето е отворено за сите агенции, огласувачи, клиенти, продукциски куќи и дизајнерски студија, ТВ и други медиумски куќи и сите кои се вклучени во креирање или продукција на пазарни комуникации, регистрирани во следните држави: Албанија, Ерменија, Австрија, Азербеџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Црна Гора, Кипар, Естонија, Финска, Грција, Грузија, Хрватска, Израел, Италија, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Унгарија, Македонија, Малта, Молдавија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Турција, Украина и Узбекистан.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365