Home » Во фокусот » “24 Вести” се ребрендира во “Телевизија 24“

“24 Вести” се ребрендира во “Телевизија 24“

Шест години од постоење во македонскиот медиумски етер, по првиот сигнал на телевизијата 24 Вести. Грижата за навремено, објективно, прецизно информирање со сите нишани на етичкото новинарство ќе продолжи и понатаму, а фокусот ќе бидат граѓаните.

Раководството на телевизијата внесува многу новини. На свеченоста по повод годишнината уште една новина, 24 Вести ќе се ребрендира во Телевизија 24.

Мило ми е што ве гледам вака на едно место собрани, политичари исто така и дел актери. Политичари кои што глумат но исто така и актери кои што политизираат, музичари кои си ја пејат својата песна или музичари кои пејат како ќе им засвират другите,“ изјави Огнен Јанески, новинар и водител.
Документарни филмови, играни серии, забавно – едукативни емисии, културни содржини, како и најновите информации од областа на спортот се само дел од новитетите што ќе дојдат со ребрендирањето.

Сакам да најавам дека во склоп со нашата политика ќе направиме едно ребрендирање на телевизијата. Вестите, се разбира, остануваат наша примарна цел. Информацијата, веродостојноста, точноста остануваат наша примарна цел. 24 Вести ќе се ребрендира во телевизија 24 бидејќи програмата ќе ја збогатиме со многу нови содржини кои што ќе бидат од висока продукција,“ изјави Младен Чадиковски, главен и одговорен уредник на 24 Вести.
На свечената прослава по повод шест годишнината на 24 Вести, присутни беа голем број на лица од политичката сцена, како и културно забавниот живот.

Препознатливоста на 24, вестите, дебатните емисии и анализи остануваат приоритет. Навремена и објективна информација во интерес на граѓаните.

„Нашиот таргет остануваат гледачите, односно граѓаните, нивните потреби и нивните проблеми. А ние ќе останеме добронамерен критичар на се она што се случува,“ изјави Анета Додевска, заменик – главен и одговорен уредник на 24 Вести.

Во оваа шеста година од постоењето, телевизијата направи нов исчекор кој програмски, содржински и технички донесе нов квалитет на медиумската сцена, а ребрендирањето во Телевизија 24 ќе ја приближи програмата до повеќе категории граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365