Home » Во фокусот » 27 Словенечки Огласувачки фестивал: Убедлив триумф на агенцијата Пристоп

27 Словенечки Огласувачки фестивал: Убедлив триумф на агенцијата Пристоп

Бренд на годината е Донат Мг, рекламно лице на годината е Енцо Смрекар, а огласувач на годината е А1 Словенија

27-миот Словенечки огласувачки фестивал заврши во петокот, на 13-ти април, со свечено доделување на награди и признанија. На церемонијата на доделувањето традиционално беа прогласени победниците на фестивалот. Агенцијата на годината за 2018 година е агенцијата Пристоп, а титулата бренд на годината ја освои Донат Мг. Енцо Смрекар е прогласен за личност на годината, а огласувач на годината е телекомуникациската компанија А1 Словенија.

Наградите во поединечни категории ги добија:

  1. Група A: Сеопфатна комуникациска кампања

Гранд При: Слабеење (огласувачи Cankarjev dom, Drama, MGL, агенција Pristop)

Злато: Заминување од мама (огласувач Vzajemna, агенција Futura DDB ), Брилијантно варење (огласувач Атлантик Група, агенција Pristop )

Сребро: Лашко обложување (огласувач Пивара Laško Union, агенција Luna\TBWA), Племенско возење (огласувач Renault Nissan Словенија, агенција Grey Љубљана)

  1. Група B: Дигитална комуникациска кампања

Гранд При: Брилијантно варење (огласувач Атлантик Група, агенција Pristop)

Злато: Племенско возење (огласувач Renault Nissan Словенија, агенција Grey Љубљана)

Сребро: Заминување од мама (огласувач Vzajemna, агенција Futura DDB), Брилијантно варење (огласувач Атлантик Група, агенција Pristop)

  1. Група C: Иновативни решенија

Гранд При: Рекорд (огласувач Триглав осигурување, агенција Pristop)

Злато: не е доделено

Сребро: Грабнати ТВ ленти (огласувач Пивара Laško Union, агенција Pristop)

  1. Група D: Брендирана или креирана содржина

Гранд При: Брилијантно варење (огласувач Атлантик Група, агенција Pristop)

Злато: Заминување од мама (огласувач Vzajemna, агенција Futura DDB), Брилијантно варење (огласувач Атлантик група, агенција Pristop)

Сребро: Обложување во живо (огласувач Пивара Laško Union, агенција Luna\TBWA), AR сликање ѕидови во Педијатриската клиника и Ноќни приказни (огласувач Nordic Art Initiative и A1 Slovenija), Племенско возење (огласувач Renault Nissan Словенија, агенција Grey Љубљана)

  1. Група E: Директно комуницирање

Гранд При: не е доделен

Злато: Возење во пиџами (огласувач VOZIM, Завод за иновативно образование за сигурно возење, агенција Luna\TBWA), Додај се на списокот (огласувачи Словенечко здружение на заболени со лимфом и леукемија и Завод за транфузиска медицина на Словенија, агенција Futura DDB)

Сребро: Враќање на изгубениот автобус (огласувач Lidl Словенија, агенција Luna\TBWA)

  1. Група F: Дигитално комуницирање

Гранд При: Триглав Рекорд (огласувач Триглав осигурување , агенција Pristop)

Злато: Заминување од мама (огласувач Vzajemna, агенција Futura), Брилијантно варење (огласувач Атлантик Група, агенција Pristop)

Сребро: Брилијантно варење (огласувач Атлантик Група, агенција Pristop), AR сликање ѕидови во Педијатриската клиника и Ноќни приказни (огласувачи Nordic Art Initiative и A1 Slovenija)

  1. Група G: Филм

Гранд При: Сите имаме скриени желби! (огласувач Лотарија наСловенија, агенција Luna\TBWA)

Сребро: Од стариот направете нов почеток (огласувач A1 Slovenija, агенција Grey Љубљана), Orto Epik (огласувач A1 Slovenija, агенција Grey Љубљана)

  1. Група H: Печатени огласи и плакати

Гранд При: Слабеење (огласувачи Cankarjev dom, Drama, MGL, агенција Pristop)

Злато: Špehec (огласувач ALPE-PANON McDonald’s DL, агенција Futura DDB), наградени се и серија кампањи FMF Stop intolerance, FMF Eject intolerance и FMF Skip intolerance (огласувач Фестивал на мигрантски филмови, агенција Pristop)

Сребро: Време е да завршите (огласувач Merkur, агенција BPCS)

  1. Група I: Радиско и звучно комуницирање

Гранд При: Целосна тишина – убиец (огласувач Јавен завод Кinodvor, агенција Radio Študent)

Злато: Проекција (огласувач Јавен завод Kinodvor, агенција Zavod Radio Študent), Точно време (огласувач Пивара Laško Union, агенција Luna\TBWA)

Сребро: Ноќни приказни на Прво Радио (огласувач A1 Словенија, агенција Grey Љубљана)

  1. Група J: Дизајн

Гранд При: meteo.si (огласувач Република Словенија, Министерство за простор и животна средина, Агенција за животна средина на Словенија, агенција Gigodesign)

Злато: не е доделено

Сребро: Вино Fedora (огласувач Fedora, куќа на автохтони вина, агенција Pristop), Hotel Cubo – куќно вино (огласувач Hotel Cubo, агенција Futura DDB)

  1. Група K: Амбиентално огласување

Гранд При: не е доделен

Злато: Слабеење (огласувачи Cankarjev dom, Drama, MGL, агенција Pristop), Враќање на изгубениот автобус (огласувач Lidl Словенија, агенција Luna\TBWA)

Сребро: не е доделено

  1. Група L: Општествено добро

Гранд При: Додај се на списокот (огласувачи Словенечко здружение на забелени од лимфом и леукемија и Завод за трансфузиска медицина на Словенија, агенција Futura DDB)

Признание за најдобра продукциска куќа на филмски реклами доби Kinomotel, а признание за најдобра продукциска куќа на радиски и звучни реклами –Zavod Radio Študent.

Повеќе на: www.sof.si

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365