Неизбежните дводимензионални билборди, кои може да се видат во речиси секој град на планетата, може да бидат заменети со тридимензионални холограми
Компаниите кои работат на оваа технологија велат дека ќе воведат револуција во начинот на кој компаниите и брендовите комуницираат со потенцијалните корисници.
Светлечки, помалку хипнотички холограми привлекуваат голем број луѓе. Ако сеуште не сте ги виделе, 3D екраните наскоро може да се најдат во продавниците.
Арт Ставенка од ” KINO-MO” вели дека новите екрани веќе ги заменуваат билордните, LED екраните, бидејќи во индустрија на екрани веќе со децении не се случиле револуционерни промени.
Лопатка која емитува светло, ги создава овие холограми. Неколку лопатки можат синхронизирано да направат поголеми холограми.
“Штом овај механички дел ќе почне да ротира, ќе престанете да ја гледате механиката и ќе почнете да го гледате холограмот, бидејќи хардверот се врти со толкава брзина што човечкото око веќе не ја гледа ротацијате туку ги гледа овие убави холографски слики“, вели Ставенка.
Со канцеларии во Лондон и Белорусија, “Кино-мо” не е единствената компанија која има таква опрема со елиси кои можат да се програмираат. Друга компанија која ја развива оваа технологија е “Холограф” и има свои пртставништва во САД и Кина.
“Ова не е далечна иднина, на секој агол ќе има ваков тип на рекламирање, како во научно-фантастичнен филм“, вели Куан Жоу, од компанијата Холограф. Такави 3D холограмите ќе се користат во трговските центри, железничките станици и во рестораните“.
Франшизите како што се рестораните за брза храна, ќе бараат такви екрани на повеќе локации.
“Тие имаат можност да контролираат повеќе уреди низ целиот свет од централна локација“, вели Тед Менг, претставник на Холограф.
Цената на лопатката, која е меѓу 1 000 и малку повеќе од 3 000 долари по парче, зависи од производителот.
“Можеме да го направиме да биде водоотпорен, отпорен на ветер и да работи во различни екстремни услови“, додава Куан Жоу.
Дводимензионални билборди наскоро би можеле да ги заменат ваквите 3D холограми.