Home » Во фокусот » 4 начини на кои веќе ги чувствуваме промените на Фејсбук news feed-от

4 начини на кои веќе ги чувствуваме промените на Фејсбук news feed-от

За прв пат откако ги најавија промените на news feed, Фејсбук подетелно објасни што тие промени ќе значат

Извор: AdAge;Пишува: Garett Sloane

Минатиот месец, Фејсбук отворено говореше за начините на кои си игра со својата тајна формула со цел за корисниците да се создаде подобра средина – средина кои ќе биде помалку штетна за човечката психа.

Во средата, раководителите на Фејсбук, Марк Цукерберг и Шерил Сандберг, дополнително појаснија дека промените во news feed-от влијаат на времето што луѓето го поминуваат на оваа социјална мрежа и што значи тоа според нивното мислење, за иднината на оваа платформа.

Фејсбук вели дека помалку ќе прикажува постови од несигурни извори на вести, но и вирални видеа со низок квалитет, нагласувајќи ги наместо нив, постовите од семејството и пријателите за да поттикнат повеќе “смислени” интеракции. “Ние можеме да го подобриме животот на луѓето со она што го правиме“, изјави Цукерберг во интервју со аналитичарите од Вол Стрит, по објавувањето на кварталните резултати во средата. “Тоа е она што дефинитивно ќе го направиме“.

За прв пат откако ги најавија промените на news feed-от, Фејсбук подетално објасни што ќе значат овие промени.

Помалку време поминато на Фејсбук

Еден од најинтересните ефекти уште сега е тоа што луѓето веќе поминуваат помалку време на Фејсбук. Цукерберг изјави дека времето кое луѓето ширум светот го посветуваат на оваа социјална мрежа веќе е намалено за 50 милиони часа дневно, што во просек изнесува две минути по лице. Фејсбук има 1,4 милијарди активни корисници дневно.

Ова е прв пат бројот на дневно активни корисници во САД и Канада да падне на оваа платформа. Дејвид Вехнер, директор за финансии на Фејсбук, вели дека не очекува тоа да биде континуиран тренд, но бројките на дневно активни корисници може да варираат во Северна Америка поради високата постоечка пенетрација во регионот.

Во платформата САД и Канада, Фејсбук  има 183 милиони корисници дневно, што е за 700 000 помалку во однос на претходниот квартал.

Можно е Фејсбук да страда од замор на корисниците, за кои дневно-политичките дискусии се одбивни, тврди еден огласувач. “Луѓето се исцрпени од константните политички дијалози и препирки. Тоа игра голема улога.”

Одбиена карта

Фејсбук вели дека спроведува промени за филтрирање на вестите кои се споделуваат на оваа социјална мрежа. Ќе се појавуваат помалку постови на издавачите, а издавачите кои ќе се прикажуваат ќе бидат рангирани според тоа колку корисниците ги сметаат за сигурни.

Промени во алгоритмот на news feed-от веќе имале влијание во четвртиот квартал од минатата година. Цукерберг изјави дека причината за тоа е главно фактот што Фејсбук веќе го намали бројот на “вирални видеа”. Имено, Фејсбук прикажува помалку видео записи за кои смета дека се со лош квалитет, а всушност, тоа се оние видео записи кои многу издавачи ги сметаат како карта за лесно постигнување прегледи на оваа социјална мрежа.

Што сака алгоритмот

Цукерберг, исто така, објасни како алгоритмот ќе работи. “Постои мит дека ние го дизајнираме news feed-от само со цел да го оптимизираме поминатото време или лајковите или коментарите, или некои такви сигнали“, вели Цукерберг.

Но, Фејсбук анкетираше илјадници луѓе и едноставно да ги прашува која е таа содржина која ги привлекува. “Луѓето ќе ни кажат што е тоа што создава најрелевантни интеракции во нивниот живот“, вели Цукерберг. „Тоа би можело да вклучува содржина која ја споделиле со пријателите во Messenger или она за што разговараат во реалниот свет“. 

Што ова значи за бизнисот

Фејсбук тврди дека промените можат да бидат добри за бизнисот. Помалку вирални видео клипови кои го привлекуваат целото внимание очигледно не влијаеле негативно врз приходите од рекламите во четвртиот квартал, кога Фејсбук заработи 13 милијарди долари, што е речиси за 50% повеќе од претходната година.

Помалку време поминато на видеата со низок квалитет, значи повеќе време поминато на скролање низ постовите, интеракција со нив и прикажување реклами – тоа е барем теорија.

Имаме повеќе можности за заработка“, изјави Сандберг. Во исто време, сепак, таа тврди дека компанијата “не го прави ова за позитивен или негативен приход“.

Огласувачите, исто така, веројатно ќе инвестираат повеќе во купување реклами, бидејќи ќе биде потешко да се осигураат дека постот може да се види доколку не е платен. Ова е пораката што Фејсбук ја испраќа до брендовите сега, тврдат огласувачите.

Најдобрата стратегија е да продолжиме да купуваме огласи“, вели Кајл Бунч, извршен директор за социјални мрежи во агенцијата R/GA. “Фејсбук е немилосрден ефикасен рекламен механизам, така што би било тешко било кој огласувач да се повлече“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365