Home » Во фокусот » 4 Технолошки трендови кои ќе го променат начинот на кој купуваме

4 Технолошки трендови кои ќе го променат начинот на кој купуваме

Новите технологии донесуваат нови искуства. Евe што можеме да очекуваме во (не толку далечна) иднина

Технологијата го освои секој дел од нашите животи. Во некои делови е многу очигледна и видлива (на пример, кога користиме компјутери и паметни телефони во домот или на работа), додека во другите делови речиси и незабележлива (на пример, додека камерите не`следат во трговскиот центар и бележат во кои продавници поминуваме најмногу време ).

Она што мораме да го признаеме, сакаме или не, е фактот дека технологијата го промени начинот на купување. Доволно е да се каже дека од година во година се зголемува бројот на купувања преку интернет, се отвораат нови е-продавници и не е невообичаено ниту да се купи нешто и преку социјалните мрежи.

Ранди Цукерберг, сестра на основачот Фејсбук, Марк Цукерберг, со посебно внимание следи како технологијата влијае на нашите животи. Така, издвои неколку технологии кои веќе сега влијаат на нашето однесување при купувањето (и во реалниот живот и на интернет).

  1. Хипер индивидуализација

Повеќе не е исклучок доколку трговецот ви понуди посебна понуда ако му ги оставите свои лични податоци и му овозможите да ги следи вашите куповни навики. Различните картички и програми за верни купувачи, њуслетери, анкети, па дури и следење во самата продавница, им овозможуваат на трговците да создадат детални профили на своите купувачи. Иако персонализирано искуството на купувањето ќе биде овозможено во иднина (и тоа не толку далечна), голем број на податоци што трговците веќе ги имаат за своите купувачи, им даваат прилично добра слика, кога ќе влезете во нивната продавница (или кликнете на нивната интернет-продавница) и што ќе купите. Во целата таа персонализација на купувањето, купувачите некако забораваат на најважната работа – приватноста.

  1. Виртуелна (и проширена) реалност

Иако виртуелната реалност се уште е резервирана за светот на видео игрите и тестирањето, не би требало да нè изненади ако наскоро влезе и во светот на интернет-трговијата. Сетови за виртуелна (но и проширена) реалност кои ќе ни овозможат да видиме како некоја облека ни стои, дали ни одговара црвена или сина софа или какво е чувството да седиме во најновиот автомобил, не се толку далеку.

  1. Производи кои се осмислени од купувачите

Crowdsourcing, односно собирањето средства од поголем број луѓе, својот пат го пронајде и во дизајнот, поточно осмислувањена производите. Така купувачите активно се вклучени во целиот производствен процес – од осмислување на производот, неговото име, изгледот, (вкус или мирис), па до самото купување.

  1. Вештачката интелигенција е насекаде околу нас

Роботите и вештачката интелигенција речиси целосно ќе ги заменат трговците во продавниците. Речиси, затоа што секогаш ќе има потреба од доза на човештвото. Имено, роботот може да ви донесе облека во соблекувалната или виното што го барате, но тешко може да ви каже како ви стои фустанот или дали е тоа совршеното вино. Колку и да е вештачката интелигенција паметна, некои работи смо човекот ги познава и ги разбира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365