Форбс направи листа од 50 најдобри маркетинг директори во светот кои ја редефинираа улогата на корпоративниот извршен директор одговорен за маркетинг и претставуваат се` што претставува оваа позиција и што ќе претставува во иднина.
Со квалитативни истражувања, како и сознанијата на уредувачкиот сектор Форбс, на листата се наоѓаат 50 луѓе кои ги поместија границите на професијата и постигнаа голем напредок во рамките на една компанија.
Маркетинг директорите се рангирани според образование, стручност, искуство, мислење и позиции во рамките на организацијата / компанијата. Форбс има за цел да ги потенцира на годишно ниво маркетинг директорите кои слижат како примери на новиот, забрзан пазар.
Оваа година на листата, помеѓу останатите се најдоа: Метју Андерсон, СМО, Roku; Ана Анѓелиќ, главен бренд директор, Rebecca Minkoff; Софи Бамбук, СМО, Converse; Џонатан Бимер, CMO, Monster; Рајан Боничи, СМО, G2 Crowd; Џоан Брадфорд, CMO, SoFi; Џени Кемпбел, CMO, Tinder и многу други.
Целосната листа можете да ја погледнете тука.